Свет
(Видео) Експлозии во окупираниот Луганск, објавени снимки
Украинската телевизија „Суспилне“ известува за експлозиите утринава во окупираната област Луганск.
„Утринава одекнаа експлозии во окупираниот Луганск“, објави телевизијата „Суспилне“ на својот канал на „Телеграм“.
„Информацијата ја потврдија жителите на окупираниот град. Според нив, може да се види како се издигнува чад од правецот на поранешната воена авијациска школа за морепловци“, се вели во соопштението на телевизијата.
It is reported about the strike in Luhansk this morning. According to local sources, in the area of the former Lugansk Higher Military Aviation School of Navigators. Where, according to rumors, was the base of the personnel of the so-called army of the Luhansk People’s Republic pic.twitter.com/02t9vPNGdR
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) May 15, 2023
Сè уште непотврдената снимка, на која се гледа облак чад што се издига над градот, веднаш стана вирална на социјалните мрежи. Луганск е еден од четирите украински региони чија анексија ја најави рускиот претседател Владимир Путин минатата година. Русите не контролираат целосно ниту еден од четирите региони за кои Москва тврди дека сега се дел од Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

