Европа
(Видео) Експлозии во Русија, напади со дронови на Москва, Ростов и на Брајанск

Украински беспилотни летала беа соборени во близина на Москва, јужниот регион Ростов, и југозападниот регион Брјанск во раните утрински часови, ги цитира руската новинска агенција РИА руските власти.
Another explosion in Russia. This time in the center of Rostov near the headquarters of the criminal Southern Military District.
— Olga Lautman 🇺🇦 (@OlgaNYC1211) September 7, 2023
Како што јави агенцијата ТАСС, три згради се оштетени во градот Ростов на Дон, а едно лице е повредено кога еден од дроновите се урна во центарот на градот. Уште еден дрон во Ростовската област падна надвор од градот.
Во Брјанск фрагменти од еден од двете уништени беспилотни летала ги искршиле стаклата на зградата на железничката станица и оштетиле автомобили во близина, објави новинската агенција „Интерфакс“. Во Ростов се регистрирани експлозии во близина на зградата на Командата на рускиот јужен воен округ, местото од каде што се координира руската агресија врз Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Орбан: Нема да се поклониме пред барањата на Брисел – нашата енергетска безбедност и нашите семејства мора да бидат на прво место

Унгарскиот премиер Виктор Орбан по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Унгарија не може да се обвини за недостатокот на пристаништа или алтернативни цевководи“.
Унгарскиот премиер денес објави, речиси синхронизирано со обвинувањата на шефот на дипломатијата Петер Сијарт, видео на платформата Икс во кое тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп препознал дека Будимпешта „нема алтернатива на рускиот гас и нафта“.
„Унгарија е без излез на море. Како што правилно истакна претседателот Доналд Трамп: Не можеме да бидеме виновни за недостатокот на морски пристаништа или алтернативни цевководи и го цениме неговото препознавање на оваа реалност“, рече тој. Трамп претходно рече дека сите европски земји треба да престанат да купуваат руски енергетски производи.
„Ако бидеме отсечени од руска нафта и гас, нашата економија би паднала за 4%, семејствата би страдале, а сметките за енергија би се зголемиле. Нема да се поклониме пред барањата на Брисел – нашата енергетска безбедност и нашите семејства мора да бидат на прво место“, додаде Орбан, пренесе ХРТ.
фото: принтскрин
Европа
Украина возвраќа на Унгарија: На тројца воени функционери им е забранет влез

Украина им забрани на тројца високи унгарски воени функционери да влезат на нејзина територија, реагирајќи на слична одлука на Будимпешта, што означува нова епизода во затегнатите односи меѓу двете соседни земји.
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха ја потврди мерката на платформата Икс. „Воведовме забрана за влез на тројца високи унгарски воени функционери“, напиша тој, додавајќи дека ова е одговорот на Украина на потезите на Будимпешта.
„Секој чин на непочитување од Унгарија ќе добие соодветен одговор, особено непочитување кон нашата армија“, рече украинскиот министер.
Односите дополнително се влошија во август кога Унгарија, еден од ретките сојузници на Москва во Европа, го прогласи високиот украински офицер Роберт Бровди, член на унгарското малцинство во Украина, за персона нон грата. Будимпешта го обвини за оркестрирање на нападот врз рускиот нафтовод „Дружба“, со што се прекинаа руските испораки на нафта.
фото: принтскрин
Европа
Украинците: Русите имаат стратегија за недостиг на вода во Донецк – чекаат дожд

Центарот за национален отпор (CNO) извести за новата стратегија на Русија во врска со снабдувањето со вода во привремено окупираните области на Донецката област. И покрај критичниот недостиг на вода, единствениот план на Кремљ беше да почека есенски и зимски врнежи, извести CNO, пренесува UNN.
Според експертите, во резервоарот Старокримски остануваат само 15 % од резервите на вода – приближно 7 милиони тони наместо потребните 45 милиони. Уште девет резервоари се исушија, а бунарите исто така се сушат.
🚱 Kremlin’s new “strategy” for water shortages in occupied Donetsk region? Just wait for rain.
The Staryi Krym reservoir is down to 15% of capacity — only 7M tons left out of 45M. Nine other reservoirs have dried up, wells are disappearing.
Moscow once again condemns people on… pic.twitter.com/B3ejrIi204
— The National Resistance Center of Ukraine (@ResistanceMove3) September 25, 2025
„Кремљ уште еднаш докажува дека жителите на привремено окупираните територии се осудени на преживување, додека Москва се занимава само со извоз на ресурси и пропагандни слики“, нагласи CNO.
Според податоците од Градскиот совет на Мариупол во август, водата во градот се испорачува само еднаш на секои два дена и максимум четири часа.
Подоцна, во контекст на хуманитарната катастрофа со водоснабдувањето, привремено окупираните територии на Украина се соочија со остар скок на цената на увезената вода – за само неколку дена цената се зголеми од 50 на 80 рубли (од 0,51 на 0,81 евро) за шише од пет литри.
фото: принтскрин