Европа
(Видео) Експлозија на Крим во близина на руски магацини за оружје, Русите велат дека нема штета

Михаил Развозаев, гувернер на окупираниот Севастопол назначен од Русија, на својот канал на Телеграм објави дека проектил бил соборен во областа Кара-Коба и се чини дека експлодирал во поле.
„Никој не е повреден, нема оштетувања ниту на инфраструктурата“, објави тој.
На местото на настанот немало пожар, јавува руската државна новинска агенција Тасс. Сите екипи за итни случаи се вратија во базата, но останаа на подготвеност. Инаку, Севастопол е главната база на руската Црноморска флота, а градот повремено е изложен на украински напади.
While I was looking into footage. The AFU decided to say hello to Sakharnaya Golovka, close to Sevastopol 🫠
The Russian appointed mayor claims a missile was shot down and air defense is repelling an attack. pic.twitter.com/JnWsPKFkZW
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) October 18, 2023
На 22 септември силите на Киев извршија ракетен напад врз седиштето на Црноморската флота. Руското Министерство за одбрана тогаш соопшти дека системот за противвоздушна одбрана соборил пет проектили за време на нападот. Набргу потоа, Развожајев издаде наредба за подобрување на системот за предупредување од воздушен напад.
Локалните Телеграм канали тврдат дека е издадено предупредување за воздушен напад во градот по експлозијата и известуваат дека се гледа чад во областа на заливот Сухарнa Балка. „Крим.Реали“ известува дека во близина на местото на експлозијата имало најмалку четири магацини во кои руската војска складирала оружје, вклучително и проектили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Украинците објавија снимка: „Со беспилотно летало уништивме моќен руски дрон во лет“

Украинските сили соборија руски повеќенаменски дрон Zala Kub со помош на беспилотно летало FPV, а снимката од акцијата беше споделена на социјалните мрежи од украинскиот волонтер Серхи Стерненко, пренесува „Милитарњи“.
„Таквото летало можеше да предизвика голема штета, па затоа е одлично што беше уништен во воздух“, рече Стерненко.
Zala Kub е дизајниран за прецизни удари на копнени цели – кога ќе ги открие, вертикално навлегува и исфрла експлозивен товар на горниот дел од возилото, каде што тенковите и оклопните возила се најранливи поради нивниот потенок оклопен слој.
Ова беспилотно летало е развиено од рускиот концерн „Калашников“, а првпат беше прикажано во 2019 година на меѓународната воена изложба IDEX во Обединетите Арапски Емирати.
Украина долго време користи беспилотни летала FPV како пресретнувачи за уништување руски летала. Ваквите дронови, во зависност од опремата, како дневни и термални камери, чинат меѓу 1.600 и 2.500 долари. Тие може да летаат со брзина до 160 километри на час, да имаат дострел до 35 километри и да останат во воздухот до еден час.
Европа
Судот ќе ја изрече пресудата за Депардје во мај

Кривичниот суд во Париз во четвртокот објави дека на 13 мај ќе ја изрече пресудата за актерот Жерар Депардје за сексуално вознемирување две жени за време на снимањето филм во 2021 година.
Француското Обвинителство во четвртокот побара 18-месечна условна казна и глоба од 20.000 евра за Депардје, објави весникот „Ле Паризиен“ и другите медиуми.
Седумдесет и шестгодишниот Депардје, истакната личност во француската кинематографија, е обвинет за сексуално вознемирување две жени за време на снимањето филм од 2021 година. Ова е првпат актерот, кој се соочува со многубројни обвинувања за сексуално вознемирување во текот на годините, да биде изведен пред суд.
Депардје призна дека ја фатил една од жените за бутот, но негира дека тоа е напад. Неговиот адвокат рече дека наводите против клиентот се лажни и дека истражителите биле пристрасни.
Европа
(Видео) Нереални снимки од протестот: Пикачу ги поддржа граѓаните во Турција

Надреално видео од Покемон кој наводно бега од полицијата за време на протестите во Турција стана вирална. Имено, некој облечен како Пикачу е снимен како бега од полицијата која брка демонстранти. Снимката наводно е направена во Анталија.
Виралното видео, кое нашироко се споделува на социјалните мрежи, се чини дека потекнува од турскиот фоторепортер Исмаил Коцероглу.
Исмаил во четвртокот објави видео на својот Инстаграм профил, на кое се гледа како костимиран демонстрант бега со толпа граѓани.
Дали е автентична снимката на која Пикачу бега од полицијата не е потврдено.
Сепак, Исмаил продолжи да поставува видеа од овој маскиран демонстрант. Синоќа, тој повторно објави видео од Пикачу како шета низ улиците на Анталија, наведувајќи дека Пикачу „се приклучил на осмиот ден од демонстрациите“.