Свет
(Видео) Екстремно силно невреме ја зафати Италија: силен дожд и град го парализираа Милано, има жртви
Околу 4 часот утринава Милано и околината ги зафати силно невреме со силен дожд, град и удари на ветер со брзина поголема од 100 километри на час, што е второ невреме за нешто повеќе од 12 часа.
Жена загина во Монца, а најмалку три лица се повредени во Милано кога силен дожд и силен ветер ја погодија северна Ломбардија.
Storm now near milano🙄#vtm #Storm #tempesta #tornado #italy #italia pic.twitter.com/DjviTs4hLo
— Vanessa van cartier (@Vanessavancart2) July 24, 2023
Ноќниот дожд во Милано беше краток, но многу интензивен, а прогнозите укажуваат на можност за нови врнежи, пренесува агенцијата „Анса“.
Невремето предизвика сериозни штети и на електричната мрежа, па јавниот превоз доцни.
Голем број луѓе на социјалните мрежи објавија дека нема струја во многу делови од градот, а имало и неколку повици до Противпожарната бригада, но рано е да се процени штетата, наведува италијанската агенција.
Anche qui in Provincia #lodi mai vista una tempesta così. #ClimateBreakdown #ClimateEmergency #milano #storm pic.twitter.com/Mm97fCHOAL
— 🌪️Nemesya🌪️ (@Nemeenya) July 25, 2023
Пријавени се оштетувања на покривот, како и последователни поплави поради количината дожд и град што падна за краток временски период во Милано, како и многу соборени дрвја. Нема извештаи за повредени.
Шеснаесетгодишно девојче загина во извиднички камп во Чегедол, во италијанската провинција Бреша, кога дрво паднало врз шаторот во кој таа спиела за време на невремето.
Кампот бил евакуиран од пожарникари, јавува „Анса“.
Unbelievable storm #milan #milano #corvetto #summerrain pic.twitter.com/xcQ7m4SBk3
— Gianluca Schiano (@GianluLA) July 25, 2023
Поради невремето, евакуиран е и извидничкиот камп во Вал Дориз.
Вчера, доцна вечерта, ново невреме ја погоди и Бријанца во Монца и собори многу дрвја, а автомобил со семејство – мајка, татко и две и полгодишно девојче – беше погоден од дрво.
Мажот, кој добил повреди на главата, е хоспитализиран, а според информациите, неговата сопруга и ќерката не се повредени.
Невреме со грмотевици денеска се очекува и во Трентино Алто Адиџе, Венето и Фриули – Венеција Џулија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Прекинот на струја во Киев го запре железничкиот сообраќај
Прекинот на електричната енергија во Киев го запре железничкиот и метро сообраќајот и ескалаторите низ целиот град, соопштија градските власти на социјалните мрежи.
Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, подземните метро станици сега функционираат како засолништа.
– „Во Киев, како и во многу градови во Украина, имаше итни прекини на електричната енергија. Сообраќајот во метрото беше запрен поради низок напон во електричната мрежа. Подземните метро станици моментално можат да работат само како засолништа, на резервна електрична енергија, соопшти Кличко на Телеграм.
Технички прекини на два далноводи што ги поврзуваат Украина, Молдавија и Романија денеска доведоа до прекин на електричната енергија на украинската мрежа, соопшти украинското Министерство за енергетика и потврди дека во најмалку три региони и главниот град Киев имало итни исклучувања.
Свет
Речиси половина Германци во текот на животот заболуваат од рак
Во текот на животот речиси секој втор граѓанин на Германија заболува од рак, објави денеска државниот имунолошки завод „Роберт Кох“ во Берлин.
– Кај 49 проценти од мажите и 46 проценти од жените во текот на животот се дијагностицира рак, објавено е во редовното издание на Институтот „Роберт Кох“ (РКИ) во пресрет на денот за борба против ракот, 4 февруари.
Според истите податоци, секоја шеста жена и секој седми маж од рак заболуваат пред својата 65-та година.
Според податоците за 2023 година, од околу половина милион дијагностицирани нови случаи на рак, најголемиот број отпаѓа на рак на простата, по што следуваат ракот на дојка, бели дробови и дебело црево.
Истата година од рак починале 230.000 лица.
Истовремено, како што објави РКИ, стапката на смртност на заболените од рак во последните 25 години значително е падната, кај мажите за 30, а кај жените за 20 проценти.
Секоја година во пресрет на Светскиот ден за борба против ракот, РКИ објавува статистики со цел подобра превенција на заболувањата и поттикнување на свеста кај граѓаните.
Свет
(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција
Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои во тој момент се превезувале, јави државната телевизија ТРТ Хабер.
Инцидентот се случил околу 11 часот по локално време во областа Османгази, каде што се наоѓаат голем број хотели и капацитети за зимски туризам. Поради дефектот, десетици луѓе останаа заглавени во кабините на неколку метри над земјата.
Веднаш по добивањето на сигналот на бројот за итни случаи 112, на терен биле испратени 96 спасувачи од жандармеријата, медицински екипи, пожарникари и претставници на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Како поддршка беа ангажирани и тимови од соседниот округ Сакарија.
Uludağ’da arızalanan telesiyejdeki 51 kişi kurtarıldı. https://t.co/WE42RAdUjO pic.twitter.com/ivqJba0cg0
— TRT HABER (@trthaber) January 31, 2026
По координирана акција, сите 51 патник се безбедно евакуирани. Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја, упати честитки до спасувачките тимови за нивната пожртвуваност.
Надлежните органи веќе започнаа истрага за причините за инцидентот. Жичницата во Бурса, отворена во 1963 година и целосно обновена во 2015 година, со своите девет километри е една од најдолгите во светот и е исклучително популарна за еднодневен туризам во текот на целата година.

