Свет
(Видео) Емиратите ја испратија првата ракета во мисија на Марс
Обединетите Арапски Емирати денеска ја лансираа својата прва мисија на Марс од космодромот во Јапонија со помош на јапонска ракета, што е прва меѓупланетарна мисија на арапска земја, пренесува веб-страницата „Спејсфлајт нау“.
Лансирањето на ракетата наречена „Хоуп“ или „Ал Амал“ од вселенскиот центар „Танегашима“, на мал остров на југот на Јапонија, првично беше планирано за минатата среда, но беше одложено поради лошите временски услови.
Ракетата на својата седуммесечно патување ќе носи инструменти за проучување на горното ниво на атмосферата и следење на климатските промени на Марс, а околу оваа планета треба да кружи најмалку две години.
Сондата носи дигитална камера за снимање на површината на Марсија, песочните невремиња и ледените облацикако и спектрометри за мерење на состојките на повеќе нивоа од атмосферата на планетата.
Check out a replay of the H-2A rocket firing into a clear morning sky over the picturesque Tanegashima Space Center in Japan with the UAE’s #HopeMarsMission.
Seconds later, a vapor cone appears around the launcher as it exceeds the speed of sound. https://t.co/xxyCmibQGt pic.twitter.com/1CfHYek8AP
— Spaceflight Now (@SpaceflightNow) July 19, 2020
Обединетите Арапски Емирати наведуваат дека на овој начин, за првпат, ќе може да се добие целосен увид во атмосферата на Марс во различни периоди.
„Мисијата на ОАЕ чини 200 милиони долари. Станува збор за меторолошки сателит и тоа е единствената цел на мисијата. Сакаме да утврдиме каква улога игра времето на Марс во атмосферската загуба, тоа е другиот дел од мисијата“, рече водечкиот научник во мисијата и министер за напредни науки, Сара ал-Амири.
Обединетите Арапски Емири досега лансираа три набљудувачки сателити, но ниту еден не излегол од орбитата на Земјата.
Јапонија има своја мисија на Марс, која е планирана за 2024 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток
Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и Израел извршија напади врз Иран, изјави денеска портпаролот на авиокомпанијата.
Тој додаде дека компанијата ги суспендира и летовите до и од Дубаи денеска и утре.
„Ер Франс“ исто така ги откажа летовите до и од Тел Авив и Бејрут што беа закажани за денеска.
Според холандска новинска агенција, „КЛМ“ откажа лет од Амстердам до Тел Авив по нападите во Иран.
„Виз Ер“ исто така ги суспендираше сите летови до и од Израел, Дубаи, Абу Даби и Аман до 7 март, соопшти компанијата.
Во соопштението се вели дека авиокомпанијата внимателно ја следи ситуацијата и е во постојан контакт со локалните и меѓународните власти, агенциите за безбедност на воздушниот сообраќај, безбедносните власти и надлежните владини институции.
Додадено е дека оперативните одлуки ќе продолжат да се разгледуваат и дека распоредите на летовите би можеле да се прилагодуваат како што се развива ситуацијата.
Ер Арабија, исто така, ги откажа летовите до Иран, Ирак и други делови од регионот.
Шпанската авиокомпанија Иберија Експрес, исто така, го откажа летот до Тел Авив, кој беше закажан за денеска во 17 часот по локално време.
Ирак, Катар и Кувајт, како и Обединетите Арапски Емирати денеска го затворија својот воздушен простор.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно денеска изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за безбедноста на земјата и дека е прогласена вонредна состојба низ целата земја.
Извор потврди за Си-Ен-Ен дека израелскиот напад врз Иран утрово бил координиран со САД.
Американските претставници изјавија дека очекуваат нападот врз Иран да биде „далеку пообемен“ од американските напади минатиот јуни врз иранските нуклеарни постројки.
Американските напади врз Иран се извршуваат од воздух и од море, изјави американски претставник.
Свет
Операцијата во Иран наречена „Епски гнев“
Пентагон денеска објави дека американските напади врз Иран се нарекуваат операција „Епски гнев“.
Претходно денеска, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД го напаѓаат Иран и ги наведе причините за таквата одлука.
Израел, исто така, објави дека го напаѓа Иран, а израелскиот министер за одбрана Израел Кац и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, исто така, ги наведоа причините за нивниот потег.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

