Свет
(Видео) Ердоган поднесе кривична пријава против холандскиот десничар Герт Вилдерс
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, поднесе кривична пријава против десничарскиот холандски политичар Герт Вилдерс, лидер на Партијата на слободата во Холандија, која е од радикалната десница, поради навредлив твит, пренесува „Анадолија“.
Terrorist. pic.twitter.com/jxdnDhk9ti
— Geert Wilders (@geertwilderspvv) October 24, 2020
Во кривичната пријава поднесена од адвокатот на Ердоган, Хусеин Ајдин, до Државното јавно обвинителство во Анкара, се наведува дека Вилдерс извршил кривично дело со навредливите зборови насочени кон Ердоган кои не може да се сметаат за слобода на говорот.
„Осомничениот Вилдерс во својата содржина насочена кон нашиот претседател користеше изрази на навреда на честа и достоинството на нашиот претседател и го изврши злосторството јавно напаѓајќи ги неговата личност, достоинство и углед. Во овој контекст бараме да се спроведе истрага против обвинетиот“, е наведено во жалбата.
Во кривичната пријава се потсетува дека според член 104 од Уставот на Турција, претседателот ги претставува Турција и единството на турскиот народ. Од оваа причина, иако кривичното дело е направено против лице, а не против функцијата претседател, кривичното дело навреда на претседателот не треба да се смета за кривично дело извршено против лице.
Во овие рамки навредата на претседателот, според законодавецот, треба да се смета како навреда извршена против државата.
#CANLI Başkan Erdoğan: Wilders Haddini bil, faşizm sizin kitabınızda var https://t.co/QK2qy6Y4vY pic.twitter.com/tGgH3xaOFP
— Akşam Gazetesi (@Aksam) October 25, 2020
„Фашизмот не е во нашата агенда, туку во твојата. Социјалната правда е во нашата агенда“, рече Ердоган во неделата на состанокот на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АК) во источната провинција Малатија нарекувајќи го Вилдерс фашист.
Неговите забелешки следуваа откако Вилдерс, познат по својот антиисламски став, сподели на „Твитер“ навредлива карикатура на турскиот претседател, која беше осудена од неколку турски официјални лица, вклучувајќи го и министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пукање во Турција: убиени тројца полицајци и шест члена на ИСИС
Тројца турски полицајци беа убиени, а девет други ранети во размена на оган со членови на терористичката група Исламска држава за време на антитерористичка операција во покраината Јалова, соопштија властите.
Судирот се случил околу 3 часот наутро по локално време кога полицијата извршила рација во куќа во селото Елмалик, на девет километри од центарот на Јалова на северозападниот дел од земјата. Се претпоставувало дека членови на Исламската држава престојуваат во куќата.
Осомничените отвориле оган кога полицијата се приближила. Според достапните информации, шест члена на Исламската држава биле убиени во судирот. На ранетите полицајци им била укажана медицинска помош во Болницата за обука и истражување во Јалова.
Специјалните сили од соседната провинција Бурса исто така беа вклучени во операцијата, а безбедноста околу местото на настанот беше дополнително засилена. Наставата беше прекината во пет блиски училишта, а патиштата што водат до куќата беа затворени.
Турскиот регулатор за електронски медиуми воведе привремена забрана за известување за инцидентот, со упатства за објавување само официјални информации. Операцијата доаѓа во време кога турските власти ги засилија антитерористичките напори пред новогодишните прослави по предупредувањата од разузнавањето за можни напади од страна на Исламската држава.
На 25 декември полицијата во Истанбул приведе 115 осомничени членови на Исламската држава во рации на 124 локации по дојава дека групата планира напади за време на прославите на Божиќ и Нова година. Издадени се налози за апсење 137 лица, а полицијата заплени оружје и муниција. Потрагата по преостанатите 22 осомничени е во тек.
Фото: depositphotos.com
Свет
(Видео) Израелската армија доби ново моќно оружје – „Железниот зрак“
Израелското Министерство за одбрана објави дека првиот оперативен систем за пресретнување ракети со ласер со голема моќност, развиен од „Рафаел адвансд дифенс системс“, е испорачан на армијата вчера. Системот се нарекува „Железен зрак“.
Системот, кој успешно пресретна ракети, минофрлачки гранати и беспилотни летала за време на обемни тестирања, ќе биде преземен од воздухопловните сили и интегриран во повеќеслоен систем за воздушна одбрана, заедно со постојните системи Iron Dome, David’s Sling и Arrow.
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, го нарече предавањето историски момент велејќи дека тоа е првпат во светот систем за пресретнување со ласер со голема моќност да достигне оперативна зрелост. Тој додаде дека системот ги менува правилата на играта и испраќа јасна порака до сите непријатели – не нè искушувајте.
Генералниот директор на Министерството за одбрана, Амир Барам, изјави дека испораката означува премин од фазата на развој кон сериско производство нарекувајќи го „Железниот зрак“ само почеток на технолошка револуција. Тој нагласи дека се очекува системот значително да ги подобри одбранбените способности на Израел, но и односот на трошоците помеѓу заканите и скапите пресретнувачи.
Свет
(Видео) Камерите ја уловија реакцијата на Зеленски на изјавата на Трамп дека Путин сака Украина да успее
Камерите ја снимија реакцијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека рускиот претседател Владимир Путин сака Украина да успее.
По разговорот во одморалиштето Мар-а-Лаго, Трамп и Зеленски одржаа заедничка прес-конференција. Додека повеќето камери беа фокусирани на говорникот, официјалната камера на Белата куќа ги прикажа двајцата лидери во ист кадар, при што беше забележана реакцијата на Зеленски.
Trump:
Russia wants to see Ukraine succeed. It sounds a little strange.
Putin was very generous in his feeling toward Ukraine succeeding. pic.twitter.com/tiBk5lB0nz
— Clash Report (@clashreport) December 28, 2025
На прашањето дали Русија би можела како дел од евентуален мировен договор да помогне во обновата на Украина, Трамп одговори дека разговарал за тоа со Путин и дека Русија ќе помага. Тој додаде дека Путин бил многу великодушен и дека сака Украина да успее, вклучително и преку енергетска поддршка по ниски цени.
На оваа изјава Зеленски ги подигна веѓите, ја навали главата и се насмевна.
Трамп изјави и дека со Путин разговарал околу два и пол часа, при што била спомната и нуклеарната централа „Запорожје“, најголемата во Европа, која Русија ја зазеде во 2022 година и која моментно не е во функција. Според Трамп, Путин соработува со Украина за повторно активирање на централата и не дозволил таа да биде цел на напади.

