Свет
(Видео) Жена во Ирак ја роди првата седумка на Блискиот Исток
Жена во Ирак ја роди првата седумка на Блискиот Исток. 25-годишната Ирачанка, чиј идентитет не се соопштува, како што јавува ,,Дејли мејл”, родила седум здрави бебиња.
Бебињата се родени во Дилаја во северен Ирак и ова е прва седумка која се раѓа на Блискиот Исток. Портпаролот на локалниот здравствен центар вели дека мајката се опоравува заедно со нејзините 6 ќерки и еден син. Тој додаде дека станува збор за ,,уште едно нормално породување во болницата во Ал Батоул.
,,Не планиравме да го шириме семејството, но сега имаме 10 деца”, вели таткото на новороденчињата Јусеф Фадл.

Првите седумки во светот во 1997 година ги доби брачен пар од Ајова. Тие, за разлика од овие од Ирак, се родија со вештачко оплодување. Првата седумка матурираше во 2016 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

