Свет
(Видео) Жителите на Хонгконг панично ги празнат полиците во маркетите
Граѓаните во Хонгконг денеска панично ги купуваа основните намирници, како тоалетна хартија, ориз, месо и нудли.
Ова се должи на стравот дека коронавирусот може да доведе до недостиг на производи, и покрај тоа што властите уверуваат дека не постои причина за загриженост.
„Сите грабаат што ќе стигнат. Јас дури и не знам што се случува“, вели 72-годишна жена за медиумите, држејќи две торби тоалетна хартија.
Productos de primera necesidad como alimentos no perecederos y artículos de aseo se están agotando rápidamente en los supermercados de Hong Kong. https://t.co/S1VpJFk4rq #NexNoticias pic.twitter.com/Zx4syf4P8H
— Nex Noticias (@nexnoticias) February 7, 2020
Владата ги осуди, како што рече, злонамерните гласини за евентуален недостиг на намирници.
Паника е присутна и во Тајван каде, според локалните медиуми, полиците на супермаркетите се испразниле поради гласините дека зголеменото производство на маски за лице ќе доведе до недостаток на суровини за производство на тоалетна хартија.
„Тоа е целосна лага … Суровините за тоалетна хартија и маските за лице се различни. Ве молиме, не верувајте во гласините”, напиша тајванскиот претседател Каи Инг-вен на Фејсбук.
Бројот на починати лица од коронавирусот се искачи на 637.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Бродот на Тито настрада на пристаништето во Риека
Вчера во риечкото пристаниште дојде до поморска незгода во која товарен брод удрил во бродот „Галеб“. Несреќата се случила додека „Галеб“ бил приврзан на Ријечкиот лукобран, а во него при маневрирање налетал товарниот брод DENIZ AKAY, кој плови под знамето на Барбадос.
Бродот од Риека требало да исплови за Турција, но по инцидентот сега тоа нема да биде во можност. Капетанот на капетанијата, Дарко Глажар, накратко изјавил дека, според првичните информации, многу е веројатно турскиот брод да имал дефект на погонскиот систем и дека веднаш му е издадена забрана за испловување од пристаништето додека не се утврдат сите потребни факти во овој судир.
Исто така, според првичните информации, нема повредени лица, а штетата на двата брода ќе се утврдува дополнително.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.

