Европа
(Видео) Загина едниот од пилотите на борбените авиони кои се судрија во Германија

Еден пилот загина откако два германски борбени авиони денеска се судрија во североисточна Германија, јави телевизијата „Н-ТВ“, додека пилотот на другиот авион бил пронајден жив.
Германските воздухопловни сили потврдија дека нивните два авиона „јурофајтер“ се судрија над Германија во регионот на Мекленбург-Ворпомерн.
Локалната радио станица извести дека авионите се судриле малку пред 14 часот, во близина на езерото Мириќ.
#Breaking: Just in – Video of after the crash at the northern Fleesensee lake near the town of Malchow in #Germany, when Two Eurofighter jets have crashed into each other. pic.twitter.com/Ch7oSH7686
— Sotiri Dimpinoudis (@sotiridi) June 24, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Објавена е првата голема временска прогноза за летото: што не очекува

Пристигнаа првите долгорочни прогнози за летото 2025 година, а според анализите на метеоролошката служба Severe Weather Europe, Европа е во многу динамичен период. Летото може да започне со малку повеќе врнежи, но средината и крајот на сезоната носат посуви услови и поголем ризик од топлотни бранови.
Кога станува збор за сезонски и долгорочни прогнози, секогаш треба да се има предвид дека тоа се трендови, а не прецизни сценарија. Постојат многу глобални фактори кои можат да влијаат на временските обрасци. Сепак, овие први прогнози даваат поглед на тоа како би можело да изгледа летото.
Пред да се фокусираме на самата летна сезона, Severe Weather Europe анализираше што не очекува во текот на пролетта, поточно во април, мај и јуни.
Тримесечната прогноза за аномалија на воздушниот притисок покажува дека над западна и северозападна Европа се развива област со низок притисок, што отвора простор за прилив на потопол и повлажен воздух од југ, особено од Медитеранот. Во исто време, поле со висок притисок се формира над источна и североисточна Европа.
Во таков распоред, поголемиот дел од континентот е под влијание на потопла воздушна маса. Западот има нешто поблаги температурни аномалии поради близината на циклонот, додека поизразени топлински вредности се очекуваат на исток и североисток.
Кога станува збор за врнежите, поголемиот дел од Европа очекуваат натпросечни врнежи, особено на запад и северозапад, додека југоисточна Европа ќе биде посува, под влијание на антициклон. Севкупно, пролетта ќе заврши во жива атмосфера, пишува SWE, а постабилни временски услови се очекуваат кон средината и крајот на летото.
Severe Weather Europe носи ран поглед на моделот ECMWF за јуни – модел кој се покажа како еден од посигурните во сезонските прогнози.
Според првите карти, подрачје со низок притисок ќе опстојува над северниот дел на Атлантикот и северозападна Европа, додека истовремено се очекува зајакнување на антициклонот кон исток и Скандинавија.
Овој распоред е поволен за западни и југозападни струи кон централна Европа, што значи потопол воздух и зголемена влажност – услови кои често носат нестабилност и поизразени временски услови.
Температурите ќе бидат натпросечни низ поголем дел од Европа, а најтопли ќе бидат во централна, југоисточна и северна Европа.
Во однос на врнежите, пообилни врнежи од дожд се очекуваат во западните и централните предели и во северозападните предели, додека југот и југоистокот ќе останат посуви.
Јули е типично најтоплиот месец во годината, а според моделите анализирани од Severe Weather Europe, ова може да биде особено изразено оваа година. Прогнозите покажуваат стабилен и силен антициклон кој се населува над централна и северна Европа – ова е т.н. систем за блокирање кој носи долгорочна стабилност, топлина и суша.
Топлинскиот вишок е најизразен во централна и југоисточна Европа, додека температури поблиску до просекот се очекуваат на крајниот север и југозапад.
Врнежите ќе бидат оскудни во поголемиот дел од централна и северна Европа, додека малку повеќе дожд ќе врне на крајниот север, на пример над делови од ОК и Скандинавија.
Сè укажува дека јули може да донесе поизразени сушни услови и зголемен ризик од топлотни бранови, особено во централна Европа.
Август, како последен месец на метеолошкото лето, честопати носи продолжување на горештините – а моделите на Severe Weather Europe укажуваат дека тоа ќе биде случај и оваа година. Високиот притисок ќе остане доминантен над централна и северна Европа, а топлотните бранови ќе продолжат. Областа со низок притисок на исток донекаде ги ограничува екстремните температури во тој дел од континентот.
Најголем топлински вишок се очекува во централните и северните делови на Европа.
Врнежите ќе бидат ретки низ поголемиот дел од континентот, а на крајниот север и исток можни се малку повеќе врнежи.
Severe Weather Europe донесува и анализа на канадскиот модел CANSIPS. Тој, исто така, предвидува доминантен висок притисок над северозападна и централна Европа. Ваквата позиција најчесто значи помал притисок над југот на континентот и Медитеранот.
Температурите ќе бидат натпросечни во поголем дел од Европа, а малку постудени само на крајниот исток каде преовладува северна струја. Врнежите ќе бидат потпросечни, особено во централна и северна Европа, додека на југ и на Медитеранот може да се очекуваат пообилни врнежи поради влијанието на низок притисок.
Европа
Русите бесни на Макрон: Неговите изјави се многу, многу опасни, има нов шериф во градот

„Изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон за можното распоредување на француско нуклеарно оружје за одбрана од Русија се крајно опасни“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во интервју за новинарот на ВГТРК, Павел Зарубин.
„Постојано слушаме изјави од господинот Макрон за нуклеарен чадор за Европа. Тоа звучи многу, многу опасно“, рече портпаролот на Кремљ.
Песков додаде дека Европејците во моментов се во тешка ситуација бидејќи „во градот има нов шериф“, мислејќи на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Новиот шериф им вели: момци, јас ќе направам сè, но вие плаќате. Зголемете ги трошоците за одбрана на 5% и потоа ќе разговараме. Така тие сега треба да излезат од нивната комфорна зона, но поради некоја причина тоа го прават на многу агресивен и милитаристички начин“, рече Песков.
Американскиот претседател постојано ја нагласува потребата од зголемување на одбранбените буџети на членките на НАТО на 5% од нивниот БДП, тврдејќи дека САД претходно покривале голем дел од трошоците, што тој ги смета за неправедни. На почетокот на март, Макрон во обраќањето до францускиот народ најави дека ќе иницира разговори со сојузниците за ставање на европските земји под заштита на францускиот „нуклеарен чадор“.
Европа
(Видео) Немири во Турција: четврта ноќ на протести поради апсењето на Имамоглу, полицијата испука гумени куршуми

Демонстрантите кои се противат на апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, протестираа четврта ноќ по ред во тој град, како и во Измир и турската престолнина Анкара.
Некои учесници на протестот синоќа нападнаа полицајци, а во Анкара во напад на маскирани лица е повреден полицаец.
Полицијата испука гумени куршуми кон демонстрантите, објави ТРТ Хабер.
Организатор на протестот е главната турска опозициска Републиканска народна партија (ЦХП).
Large scale protests in Turkey are kicking off.
Dramatic increase in violence https://t.co/SVxGCJwAYy pic.twitter.com/v1ikzJKMME
— ScharoMaroof (@ScharoMaroof) March 23, 2025
Имамоглу ги повика турските граѓани од неговиот притвор вчера да одржат масовни демонстрации низ целата земја бидејќи е принуден да чека во затвор да започне неговото судење.
Турското Министерство за внатрешни работи вчера соопшти дека Имамоглу е сменет од функцијата откако бил уапсен под обвинение за корупција и тероризам.
This is not Belgrade, Moscow or Minsk. This is the heart of Turkey. The world must condemn the brutal violence of Erdoğan's police force against the Turkish people.pic.twitter.com/3BM57tPC1j
— Foreign policy (@ForeignpolicyWB) March 23, 2025
Градскиот совет на Истанбул, каде што ЦХП има мнозинство, се очекува да избере вршител на должноста градоначалник во наредните денови, по разрешувањето на Имамоглу, објави Ројтерс.
Имамоглу е клучна опозициска фигура и потенцијален противник на претседателските избори на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Тој беше приведен во средата под обвинение за корупција и помагање на терористичка група, но тој ги негираше обвиненијата, нарекувајќи ги „незамислива клевета“.
BREAKING: People are allegedly being suspended on X in Turkey for posting videos of these protests against Erdoğan’s corrupt and repressive regime.
Keep sharing everywhere. pic.twitter.com/3bm3XGNn35
— Brian Krassenstein (@krassenstein) March 24, 2025
Турската влада негираше какво било влијание врз апсењето на Имамоглу, велејќи дека судството е независно.
Имамоглу (54), кој според некои анкети имаше поголема поддршка од јавноста од Ердоган, требаше да биде именуван за официјален кандидат на ЦХП на претстојните претседателски избори.