Свет
(Видео) Затворени најпознатите плажи во Сиднеј – бела ајкула усмрти пливач
Неколку плажи во Сиднеј, меѓу кои и најпознатите Бонди и Бронте, денеска беа затворени откога еден пливач загина во напад на ајкула.
Водни замки за ајкули се поставени во близина на местото на нападот, а беспилотни летала се распоредени како дел од потрагата по ајкули во областа.
На видеото објавено на интернет се гледа како ајкула напаѓа едно лице на плажата Литл беј, на 20-ина километри јужно од најголемиот град во Австралија и во близина на влезот во заливот Ботани.
Viewers have noticed a “disturbing” detail after footage of people witnessing the deadly Sydney shark attack emerged yesterday.https://t.co/e5ogqdHUsS
— news.com.au (@newscomauHQ) February 16, 2022
Полицијата, сепак, сѐ уште не го открива идентитетот на капачот.
„Ова беше целосен шок за нашата заедница“, рече Дилан Паркер, градоначалник на округот Рендвик, во чиј дел е и Литл беј.
Портпаролот на одделот за примарна индустрија во Нов Јужен Велс изјави дека неговите биолози веруваат дека белата ајкула одговорна за нападот била долга најмалку три метри и дека ова е прв фатален напад на ајкула во Сиднеј од 1963 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ
Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија поради тешка пневмонија.
Заменик-директорот за пулмологија, Спасоје Попевиќ, вчера вечер за Танјуг изјави дека ситуацијата е многу тешка и дека министерот Дачиќ има тешка пневмонија и дека следните 72 часа ќе бидат клучни.
– Тој моментално е на механичка вентилација – респиратор, прима сè што му е потребно, сите лекови, терапија, со тој респиратор, што е метод на лекување, купуваме време потребно тие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Тешка пневмонија и борба за неговиот живот – рече д-р Попевиќ.
Докторот прецизираше дека министерот Дачиќ е хоспитализиран во 16:30 часот на Клиниката за пулмологија.
Попевиќ додаде дека засега не може да даде никаква прогноза.
– Прерано е, но се обидуваме и мислам дека успеваме до одреден степен да ја стабилизираме неговата состојба. Следните неколку дена ќе ни дадат одговори како да продолжиме. Постојано сме околу него и тоа е сè што можам да кажам во овој момент – рече Попевиќ.
Дачиќ вчера беше посетен и од српскиот претседател Александар Вучиќ и членови на владата.
Регион
(Видео) Вучиќ за состојбата на министерот Ивица Дачиќ: Се молиме за него
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ е примен на полуинтензивна нега во Клиничкиот центар на Србија и е во сериозна состојба.
Дачиќ моментално е на апарати и е во критична состојба. Дијагностициран му е билатерална пневмонија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ даде изјава пред Клиничкиот центар на Србија:
„Вицепремиерот на Србија и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е во тешка ситуација“, кажа претседателот на Србија пред Клиниката за пулмологија во Клиничкиот центар на Србија, каде што го посети со членови на владата.
„Ги посетивме сите заедно вицепремиерот и претседателот на Социјалистичката партија на Србија, тоа е тешка ситуација, но веруваме во лекарите и веруваме во него и се молиме за него“, рече Вучиќ.
Според лекарот што го лекува министерот Дачиќ, ситуацијата е многу тешка, Дачиќ има тешка пневмонија.
„Тој моментално е на механичка вентилација, односно респиратор, прима сè што му е потребно, ја прима најдобрата антибиотска терапија, со тој респиратор купуваме време потребно за тие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Тој беше примен на Клиниката за пулмологија околу 16:30 часот. Следните неколку дена ќе ни дадат повеќе одговори, се надеваме на најдоброто“, рече д-р Попевиќ, кој го лекува Дачиќ.
Регион
Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба
Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна состојба, поврзан на респиратор, потврди неговата канцеларија, колегите и лекарите.
Пулмологот Спасоје Попевиќ им изјави на новинарите дека состојбата на министерот Дачиќ е „многу тешка“ и дека лекарите се борат за неговиот живот.
„Тој моментално е на механичка вентилација – респиратор, добива сè што му е потребно, сите лекови, терапија – со тој респиратор, што е метод на лекување – купуваме време потребно за овие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Станува збор за тешка пневмонија и борба за неговиот живот“, рече доктор Попевиќ.
Дачиќ беше хоспитализиран вчера во 16:30 часот на Клиниката за пулмологија, а Попевиќ се воздржа од прогнози.
„Прерано е за тоа, но се обидуваме и мислам дека успеваме до одреден степен да ја стабилизираме неговата состојба. Следните неколку дена ќе ни дадат одговори за тоа како да продолжиме“, рече Попевиќ.

