Свет
(Видео) Зголемен отпор кон мобилизацијата во Русија, запалени 20 канцеларии за регрутирање

Алекс Роси, дописник на „Скај њуз“ од Москва, пишува дека во Русија отпорот кон мобилизацијата полека но сигурно расте.
Во последните пет дена, откако рускиот претседател Владимир Путин најави мобилизација на 300.000 резервисти за војната во Украина, се одржаа низа протести против мобилизацијата, каде беа приведени повеќе од 2.000 луѓе.
Роси наведува дека протестите се мали, но значајни со оглед на фактот што се одржуваат во Русија, каде не се толерира непослушност. Има знаци и за посериозен бунт против мобилизацијата.
Најмалку 20 канцеларии за регрутирање беа изгорени, а еден офицер за регрутирање беше застрелан од непосредна близина во канцеларијата за мобилизација во сибирскиот регион Иркутск, наведува медиумот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Полската јавност е против учество на војската во Украина

Мнозинството Полјаци се против учество на своите војници во мултинационални мировни сили во Украина, покажува најновата анкета на агенцијата „SW Research“, објавена од полскиот весник „Република“.
Според резултатите, 61,1% од испитаниците се против евентуалното распоредување, додека 17,3% се за, а 21,6% се неодлучни. Анкетата покажува дека мажите, младите и жителите на градовите се повеќе против учество, додека поддршка за таков чекор се забележува кај постарите лица и жителите на руралните средини.
Во Европа веќе неколку месеци се води дебата за можноста за распоредување мировни сили во Украина, доколку се постигне прекин на огнот. Полскиот премиер Доналд Туск, сепак, ја исклучи опцијата за директно воено учество, но понуди логистичка и политичка поддршка за Украина.
Полска има заедничка граница со Украина долга над 500 километри и е една од најголемите земји приматели на украински бегалци. Според УНХЦР, во јули во Полска беа регистрирани околу еден милион украински бегалци, веднаш по Германија со 1,2 милиони.
Анкетата ја илустрира јасната резистенција на полската јавност кон воена интервенција, и истовремено ја потврдува поддршката за дипломатски и хуманитарни мерки.
Свет
27 силни земјотреси за 24 часа на Камчатка

Според регионалната администрација на руското Министерство за вонредни ситуации, се случиле 27 последователни потреси, пренесува РИА Новости.
„Во последните 24 часа, 27 последователни потреси со магнитуда. Според инструменталните податоци, потресите не се почувствувале во населени места“ објавува Телеграм каналот на Министерството.
An earthquake with a magnitude of 5.6 was recorded near the coast of the northern Kuril Islands today, the head of the Yuzhno-Sakhalinsk seismic station. #Earthquake | #Moscow | #Russia pic.twitter.com/V7iWtuL3CK
— United News of India (@uniindianews) August 23, 2025
Поради зголемената сеизмичка активност, на туристите им се препорачува да избегнуваат посета на вулканите Авача и Кључевској.
Исто така, активноста на вулканите Безимјански, Шивелуч, Кључевској, Каримски и Крашениников продолжува.
5.8-magnitude earthquake shakes Kamchatka https://t.co/mfMXpTP7Zm
An earthquake with a magnitude of 5.8 struck off the coast of Kamchatka, Russia, on Saturday afternoon local time, the Euro-Mediterranean Seismological Centre (EMSC) reported. The epicen…
— Börsenberichte (@BoersenDE) August 23, 2025
Според раководителот на Сеизмичката станица Јужен Сахалин, магнитудата на најсилниот земјотрес била 5,6 степени според Рихтеровата скала.
Од друга страна, EMSC пријави земјотрес со магнитуда од 5,8 степени според Рихтеровата скала.
На 30 јули, Камчатка беше погодена од најсилниот земјотрес од 1952 година, со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала. Последователни потреси до 8 степени според Рихтеровата скала беа почувствувани и на северните Курилски Острови.
Четири бранови цунами делумно го оштетија пристаништето и другата инфраструктура. Во моментов, морскиот и хеликоптерскиот сообраќај се обновени во Северен Курилск, како и работењето на локалното пристаниште.
Регион
Референдум на 25 октомври во Република Српска за одлуките против Милорад Додик

Народното собрание на Република Српска синоќа на вонредна седница донесе одлука на 25 октомври да се одржи референдум во врска со пресудата на Судот на Босна и Херцеговина против Милорад Додик и одлуката на Централната изборна комисија да му се одземе претседателскиот мандат.
Претседателот на парламентот, Ненад Стевандиќ, информира дека од вкупно 65 пратеници присутни на седницата, 50 гласале „за“ организирање на референдумот, додека пратениците од опозицијата кои беа во салата одбија да гласаат.
Милорад Додик, кој повеќе од една деценија ја предводи Република Српска, во февруари беше осуден од Судот на БиХ за непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница. Судот му забрани да извршува јавни функции, а на 6 август Централната изборна комисија официјално му го прекина претседателскиот мандат, што отвори постапка за распишување предвремени избори.
По оваа одлука, Додик најави дека единствен начин да се изрази ставот на граѓаните е преку референдум. На гласањето во октомври, жителите на Република Српска ќе треба да одговорат дали ги прифаќаат одлуките на високиот претставник, пресудите на Судот на БиХ и решението на Централната изборна комисија за прекинување на неговиот мандат.