Свет
(Видео) Зеленски: Гранатиран Купјанск, загина вработен во музеј, а повеќемина се затрупани
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека едно лице загинало, а 10 се повредени во руското гранатирање на градот Купјанск на истокот на Украина.
Зеленски на „Телеграм“ напиша дека е погоден музејот и дека загинал вработен во музејот, а под урнатините останале уште десет луѓе.
Russia attacked Kupiansk, Kharkiv region with S300 rockets.
Five people reported wounded so far. There are people under the debris.
Rescue work continues.#RussiaIsATerroristState
📹: Presidential office pic.twitter.com/sEc8tKv2Yi
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) April 25, 2023
Шефот на регионалната администрација во Харков, Олег Синегубов, изјави дека руските сили го гаѓале центарот на Купјанск со ракети „С-300“ и дека тројца од 10-те повредени лица се хоспитализирани.
Според Синегубов, две лица останале под урнатините, пренесува „Интерфакс Украина“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Големи пропалестински протести во Малме пред евровизиското финале, се бара исклучување на Израел од натпреварот
Денеска во центарот на Малме, Шведска се одржува масовен пропалестински протест поради учеството на Израел на овогодинешното натпреварување.
Голем број луѓе почнаа да се собираат на главниот плоштад во Малме од 16 часот.
Протестот почна на главниот плоштад во Малме, а насобраните од ова место се упатија кон арената Малме, каде што се одржува Евровизија.
Во четвртокот, кога претставничката на Израел настапи во втората полуфинална вечер, на улиците на Малме протестираа повеќе од 30.000 луѓе, според проценките на шведската полиција.
Барањата се исти – бојкот на Евровизија и исклучување на Израел од натпреварувањето.
Свет
Силен земјотрес го погоди Азербејџан
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Азербејџан, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ).
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, додава ЕМСЦ.
Епицентарот на земјотресот се случил на 19 километри североисточно од градот Ланкаран, кој има околу 210.000 жители.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.
Свет
(Видео) Маж по пет дена е спасен од урнатините на зграда во Јужна Африка
Маж е спасен од урнатините пет дена по уривањето на зграда во Јужна Африка, а премиерот на Западен Кејп, Алан Винд, го опиша настанот како чудо.
Во понеделникот се урна петкатна зграда во градот Џорџ, источно од Кејптаун.
Во официјалното соопштение се наведува дека таму во моментот имало 81 лице и дека досега е потврдена смртта на 13 лица, а 39 се’ уште се водат за исчезнати. Во објава на „Икс“ денес, Винд напиша дека преживеан маж е успешно извлечен од урнатините по 116 часа.
За да се обидат да стигнат до сите жртви кои останале заробени во урнатините, спасувачите користеле кранови, дупчалки и свои раце за да се обидат да ги спасат.
Спасувачките операции продолжуваат.