Европа
(Видео) Идната шпанска кралица го одржа својот прв јавен говор
Принцезата Леонор (13), ќерка на шпанскиот крал Филип VI и кралицата Летиција, го одржа својот прв јавен говор. Таа им се обрати на присутните на одбележувањето на 40-годишнината од шпанскиот устав, што е воедно и нејзин роденден.
Малата принцеза секогаш привлекува големо внимание на јавноста, таа еден ден ќе го наследи својот татко и ќе владее со Шпанија.
Принцезата носеше сина облека и црни чевли од „Мари Џејн“. Таа беше многу добро расположена и насмеана, а нејзиното читање беше беспрекорно.
Нејзиниот татко, кралот Филип VI, стоеше покрај неа цело време, а мајката кралицата Летиција и сестрата принцезата Софија со гордост ја бодреа од првиот ред.
Кога принцезата Леонор ја заврши својата презентација, нејзината мајка ѝ честиташе.
Медиумите пишуваа дека беше очигледно колку родителите се горди на својата ќерка и дека сегашниот крал почнал да ги извршува своите кралски должности на 13-годишна возраст.
Иако е тинејџерка, таа веќе се подготвува за денот кога ќе застане на шпанскиот престол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Пожар зафати хотел во ски-центар во Турција, најмалку шест мртви
Во пожар во хотел во ски-центар во северозападна Турција загинаа шест лица, а 31 беа повредени, јави државната телевизија ТРТ.
Пожарот избувна на четвртиот кат од хотел со 11 ката во ски-центарот Карталкаја во Болу рано наутро во вторникот, а пожарникарите се уште работат на гаснење, изјави за ТРТ гувернерот на Болу, Абдулазиз Ајдин.
#BREAKING At least 234 guests at Grand Kartal Hotel in Kartalkaya in Bolu, Turkey where fire broke out, governor says. At least 10 dead, 32 injured. #Bolu #Kartalkaya #Turkiye #Fire pic.twitter.com/DIZWM1u8EB
— 𝐉𝐨𝐮𝐫𝐧𝐚𝐥𝐢𝐬𝐭 (@HamdiCelikbas) January 21, 2025
Тој рече дека причината за пожарот не е позната, но дека властите ќе истражат, додавајќи дека пожарот започнал на подот од ресторанот. Во хотелот имало 234 гости, додаде гувернерот.
Европа
Папата го критикува планот на Трамп: „Срамота“
Папата Франциско ја критикува најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе почне построго спроведување на антиимиграциските мерки, вклучително и депортации, по преземањето на функцијата.
Во интервју за италијанската телевизија „Канал 9“, папата рече дека би било срамота доколку Трамп продолжи со најавениот план, објави „Ројтерс“ во понеделникот додавајќи дека користењето остри зборови е невообичаен начин на комуникација за поглаварот на Католичката црква.
Франциско, духовниот водач на 1,4 милијарда католици, обично внимателно ги избира зборовите кога зборува за политички прашања.
Тој смета дека со овој план „мигрантите, кои немаат ништо, ќе ја платат неплатената сметка“.
„Тоа не функционира. Така не го решавате проблемот“, рече папата.
Европа
Се судрија два брода на реката Елба, 11 повредени
Единаесет лица се повредени кога транспортен брод се судри со траект на реката Елба во северниот германски пристаништен град Хамбург, соопштија денеска пожарникарите.
Едно лице добило повреди опасни за животот, изјави портпаролот во близина на местото на несреќата. Бродовите се судрија рано утрото во близина на мостот „Колбранд“ во југозападниот дел на Хамбург.
Причините за несреќата сè уште не се познати.