Свет
(Видео) Израелската војска објави снимки од нападот во Газа
Израелските одбранбени сили објавија нови снимки од своите воздушни напади врз градот Газа во текот на изминатите два дена во време на нова копнена офанзива во областа.
IDF: IDF troops began operating in the Gaza City area as part of Operation “Gideon’s Chariots II”. The troops are eliminating terrorists and dismantling military structures used by the terrorist organizations in the Gaza Strip.
On Monday, the IDF struck a weapons production fac pic.twitter.com/9aSlRfsH8C
— Jeronimo (@Jeronim77706053) September 17, 2025
Војската наведе дека вчера, пред офанзивата, ја нападнала работилницата за производство оружје на Хамас, каде што се собрале неколку оперативци вклучени во изработката на експлозивни направи. По нападот, беа пријавени секундарни експлозии, соопшти ИДФ.
Според ИДФ, израелските воздушни и артилериски сили погодиле повеќе од 150 цели во градот Газа во текот на изминатите два дена.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина: Нема докази за напад врз резиденцијата на Путин, тоа не се случило
Украина соопшти дека не постојат докази за тврдењата на Русија дека украински беспилотни летала нападнале една од официјалните резиденции на рускиот претседател Владимир Путин.
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека Русија не понудила никакви уверливи докази за ваквите обвинувања.
„Нема никакви докази, таков напад не се случил“, напиша Сибиха на социјалните мрежи. Тој додаде дека Русија има „долг список на лажни тврдења“, што, како што наведе, е нивна препознатлива тактика. „Често ги обвинуваат другите за она што самите планираат да го направат. Нивните зборови никогаш не треба да се земаат здраво за готово“, порача Сибиха.
Изјавата доаѓа откако Украина остро ги отфрли руските тврдења за наводен напад во Новгородската област. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера тврдеше дека во нападот биле уништени 91 украински дрон, и најави дека Москва ќе ја ревидира својата преговарачка позиција, со порака дека веќе е одлучено како Русија ќе одговори.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски обвинувањата ги нарече лажни и оцени дека Кремљ со нив подготвува оправдување за нови руски напади. Според неговите зборови, целта на Москва е да создаде изговор за удари врз Киев и државните институции.
„Ако нема скандал меѓу Украина и САД и ако има напредок, тоа за Русија е неуспех, бидејќи тие не сакаат да ја завршат војната“, рече Зеленски, предупредувајќи дека сите мора да бидат внимателни поради можни напади врз главниот град.
Зеленски дополнително порача дека во ситуацијата поактивно треба да се вклучат американскиот претседател Доналд Трамп, неговата администрација и европските сојузници, со цел да извршат притисок врз Москва.
Свет
Зеленски наскоро ќе се сретне со лидерите на ЕУ?
Откако Володимир Зеленски ја напушти Флорида во неделата, каде што разговараше со Доналд Трамп, украинскиот претседател постави временска рамка за тоа што следи.
Тој рече дека целта е да се соберат „сите релевантни актери во наредните денови, а не недели“.
Зеленски додаде дека треба да следи и состанок со европските лидери, а не е исклучено дека тој би можел да се одржи уште денес.
Полската телевизија TVN24 објави дека полскиот премиер Доналд Туск ќе разговара за ситуацијата во Украина со други европски лидери во 11 часот по локално време.
Сè уште не е потврдено со кого точно ќе разговара Туск.
Свет
Кина апелира на смирување откако Русија ја обвини Украина за напад врз резиденција на Путин
Кина се огласи по тврдењето на Русија дека Украина со беспилотни летала нападнала една од официјалните резиденции на Владимир Путин.
Министерството за надворешни работи на Кина ги повика двете страни да се придржуваат до принципот дека војната не смее да се прелева надвор од бојното поле и рече дека не смее да има понатамошна ескалација.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека 91 украински дрон биле соборени во нападот и потврди дека целите и времето на рускиот одговор веќе се утврдени.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли обвинувањата, велејќи дека Русија повторно лаже.
Фото: pexels

