Свет
(Видео) Израелските војници објавуваат снимки од мачење и грабежи, тоа станува проблем за Израел
Пред неколку месеци на социјалната мрежа „Тик-ток“ беше објавено видео на кое се гледаат двајца израелски војници во булдожер како демолираат остатоци од куќа во Појасот Газа додека испраќаат поздрави до израелскиот пејач Ејал Голан. „Те сакаме“, вели еден од војниците, „ние сме во Кан Јунис и поради радоста што ни ја носиш, ти ја посветуваме оваа куќа.
По 7 октомври, Ејал Голан изјави дека целиот Појас Газа мора да биде срамнет со земјата и дека таму повеќе не треба да живее ниту еден човек. Ова видео, на кое се гледа како војниците слават додека уриваат куќи, го спомена и Јужноафриканската Република во тужбата против Израел пред Меѓународниот суд на правдата. Јужна Африка го обвинува Израел за геноцид, што Израел цврсто го отфрла, пишува „Дојче веле“.
📹 Similar footage was shared by the Israeli army, showing the demolition of a neighbourhood in Khan Younis. pic.twitter.com/OkPOiGs8vM
— Mīkāʾīl (@Grey0973) January 17, 2024
Израелските корисници делумно ги слават ваквите објави на социјалните мрежи. Но, ваквите видеа станаа голем проблем за имиџот на Израел, кој тврди дека ја има најморалната војска во светот.
На едно од видеата може да се видат оган и чад, а еден човек на хебрејски вели: „Ох, Газа гори, живи изгорете, кучкини синови“. На друго видео војник пребарува напуштен стан и наоѓа женска долна облека и ги навредува арапските жени. Други видеа покажуваат можни грабежи од израелски војници. Има и видеа на кои се гледа како израелски војници палат куќи.
Палестинскиот новинар Јунис Тирави со месеци собира видеа и вели дека ги проверил и анализирал профилите на стотици израелски војници на социјалните мрежи. Заклучок на Тирави: видеата покажуваат дека ова не е војна против Хамас. „Тоа е војна против идејата за палестинска нација и нашето постоење“, тврди тој и додава дека израелски војник се снимил како разнесува згради северно од градот Газа и вика: „За да немаат каде да се вратат!“
На 7 октомври Хамас и групата Исламски џихад извршија крвави терористички напади врз Израел. Во нападите загинаа 1.200 луѓе, а стотици луѓе беа киднапирани. Емануел Фабијан, дописник на израелскиот весник „Тајмс оф Израел“, вели дека, со оглед на настаните од 7 октомври, оваа војна е многу емотивна. Тој смета дека поради ова, кај некои војници, дефинитивно, може да има желба за одмазда и дека тоа може да биде проблем.
Israeli soldiers published this footage as they were mocking the destruction of a house in Gaza after expelling its inhabitants. pic.twitter.com/CDcBpnyIbE
— Dr. Zain Abbadi (@ZainAbbadi11) January 31, 2024
Самиот тој патувал неколкупати со израелските војници во Појасот Газа од почетокот на војната. Тој објави дека редовните припадници на армијата обично мораат да ги предадат своите мобилни телефони, но дека армијата е помалку строга кон резервистите. Фабијан вели дека пред оваа војна израелската армија ги казнувала војниците што објавувале видеа, но сега е премногу фокусирана на борба, а помалку на дисциплина. Покрај тоа, на армијата ѝ се потребни многу од овие војници и не може сите масовно да ги казнува, предупредува израелскиот новинар.
Но, се чини дека има и воени команданти што одобруваат некои од снимките. Во декември се појавија фотографии и видеа од Палестинци со лисици на рацете во северниот дел на Појасот Газа. Носеа само долна облека и беа со врзани очи. Воениот дописник Фабијан се сомнева дека снимките биле објавени од воени команданти од среден ранг. Тие сакаа да испратат порака до Хамас: „Видете, ние го заробивме вашиот народ. На понижувачки начин“. Во многу случаи, вели Фабијан, мажите воопшто не биле борци за Хамас или која било друга терористичка група.
Jerusalem |
Israeli forces publicly dragging a group of Palestinian detainees in Isaawiyah neighborhood in a humiliating way pic.twitter.com/OvJkF1i9H7
— Younis Tirawi | يونس (@ytirawi) March 11, 2024
Само неколку израелски новинари, поранешни војници и научници се согласија да ги коментираат видеата за германскиот јавен сервис АРД. Сепак, Јаир Голан се согласи на интервју. Тој е поранешен заменик-началник на генералштабот на израелската армија, а денес е политичар и надеж на израелската политичка левица. Голан вели дека разбира зошто малку луѓе сакаат да зборуваат критички за снимките на војниците, но предупредува: „Ако сакаме подобро да се справиме со сегашната криза, треба да го преориентираме нашиот морален компас“.
Тој истакнува дека се срами од овие видеа и дека нивното влијание врз угледот на Израел е страшно. Голан е убеден дека само малкумина од војниците во Појасот Газа се однесуваат неморално и дека се поттикнати од делумно десничарската екстремистичка влада на Израел: „Да претпоставиме дека војникот има екстремни идеи. Ако има јасна порака дека неговото однесување не е прифатено, тогаш ќе мора да ги следи правилата на армијата“.
Но, овие војници моментно добиваат поддршка од екстремите на општеството, објаснува тој, додавајќи: „И тогаш тој војник мисли дека е во ред да оди во војна за да се одмазди“.
Israeli soldier Shai Sosana, presently in Gaza, shared a video on TikTok today revealing his destruction of civilian cars and the entrance to a female school in Beit Lahia.
In his video caption, he remarked, “I stopped counting how many neighborhoods I erased.” pic.twitter.com/t0jU70ZcrM
— Younis Tirawi | يونس (@ytirawi) December 9, 2023
Израелската армија во соопштение напиша дека видеата се изолирани случаи, кои отстапуваат од наредбите и вредностите на израелската армија. Забележано е дека резервистите биле суспендирани во неколку случаи. „Израелската армија ги истражува ваквите инциденти и на нив одговара со командни и дисциплински мерки“, велат од израелската армија додавајќи: „Ако постои сомневање дека имало кривично дело, воената полиција ќе спроведе истрага“.
Палестинскиот новинар Јунис Тирави не верува дека овие снимки се изолирани случаи и се сомнева дека армијата е навистина сериозна. Зашто, како што вели, во последните неколку недели се објавени уште повеќе видеа отколку во претходните месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ушаков: Франција и Велика Британија сакаат да ѝ обезбедат на Украина нуклеарно оружје
Помошникот на претседателот на Русија, Јуриј Ушаков, денеска изјави дека Русија е запознаена со плановите на Франција и Велика Британија да ѝ обезбедат на Украина нуклеарно оружје или технологија за производство на такво оружје.
„Американците, секако, ќе бидат информирани за сè, но тие веќе знаат. Во моментов ова се коментира на сите канали. Ние ќе им го кажеме тоа конкретно“, изјави Ушаков за телевизискиот канал „Росија 1“ и додаде дека плановите на Франција и Велика Британија да ѝ обезбедат на Украина нуклеарно оружје или технологија за негово производство ќе влијаат врз ставот на Русија за решавањето на украинскиот конфликт, пренесуваат „Интерфакс“ и „Танјуг“.
Претходно денеска, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, на својот профил на „Икс“ објави дека употребата на руско нуклеарно оружје против цели во Украина, како и нуклеарни удари врз Велика Британија и Франција, би биле легални и оправдани доколку Лондон и Париз му предадат нуклеарна технологија на Киев.
Свет
Ројтерс: Иран блиску до договор со Кина за ракети кои наводно се способни да потопат носач на авиони
Иран е блиску до склучување договор со Кина за набавка на противбродски крстосувачки ракети CM-302, во момент кога САД распоредуваат значителни поморски сили во близина на иранскиот брег, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на шест извори запознаени со преговорите.
Според извештајот, договорот е речиси финализиран, но датумот на испорака сè уште не е утврден. Станува збор за супeрсонични ракети со дострел од околу 290 километри, дизајнирани да избегнуваат бродска одбрана со лет на мала висина и голема брзина.
Експерти за вооружување оценуваат дека нивното воведување би ги засилило иранските напаѓачки способности и би претставувало сериозна закана за американските поморски сили во регионот. Поранешен израелски разузнавач изјавил дека таквата способност „целосно би ги променила правилата на игра“.
Преговорите со Кина започнале пред две години, но се забрзале по минатогодишниот конфликт меѓу Израел и Иран, наведуваат изворите. Во меѓувреме, САД распоредуваат носачи на авиони, вклучително и USS Abraham Lincoln и USS Gerald R. Ford, во близина на Иран.
Кинеското Министерство за надворешни работи соопштило дека не е запознаено со преговорите за продажба на ракети, додека Белата куќа не дала директен коментар. Американскиот претседател, Доналд Трамп, му дал рок на Иран за договор околу нуклеарната програма, во спротивно се заканил со „драстични мерки“.
Свет
Обилни дождови во Бразил: Најмалку 14 загинати, 440 раселени
Најмалку 14 лица загинале, а 440 се раселени откако обилни дождови го погодиле југоисточниот бразилски град Жуис де Фора, соопштија локалните власти.
Дождовите предизвикале поплави и свлечишта, а наставата во општинските училишта е прекината. Властите мобилизирале специјализирани тимови за помош и потрага по исчезнати лица. Градот, кој се наоѓа во сојузната држава Минас Жераис, прогласил состојба на катастрофа.
Локалните власти наведуваат дека ова е најврнежливиот февруари во историјата на градот, со двојно повеќе врнежи од очекуваното. Националниот институт за метеорологија издал предупредувања за обилни дождови во делови од 14 сојузни држави, вклучително и Рио де Женеиро.

