Свет
(Видео) Израелските одбранбени сили објавија снимка од уличните борби на нивните командоси
Израелските одбранбени сили објавија снимка од уличните борби на нивните командоси во Појасот Газа. Тие тврдат дека командосите го нападнале кампот Ал Шати во градот Газа, заедно со тенкови и воздушна поддршка.
IDF releases footage of its Commando Brigade fighting in the Gaza Strip.
It says the commando troops raided Gaza City’s al-Shati camp, along with tanks, combat engineers, and air support.
Commando Brigade forces directed 54 airstrikes, navy strikes, and artillery shelling, the… pic.twitter.com/OwbZQZfvYd
— Emanuel (Mannie) Fabian (@manniefabian) November 16, 2023
Тие додаваат дека командосите помогнале да се насочат вкупно 54 напади од копно, море или воздух.
Тие посочуваат дека во тие напади биле убиени оперативци на Хамас и уништена е инфраструктурата на таа терористичка група. ИДФ, исто така, наведува дека командоси извршиле рација во бомбардиран хотел во северниот дел на Газа, при што пронашле складиште со оружје, кое подоцна било уништено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

