Свет
(Видео) Израелските специјални сили упаднаа во главната болница во јужниот дел на Газа, има загинати и ранети
Израелските специјалци упаднаа во болницата Насер во градот Кан Јунис во јужниот дел на Газа, соопшти израелската војска наведувајќи дека има веродостојни информации оти телата на израелските заложници можеби се во објектот, пренесува „Ројтерс“.
„Ние спроведуваме прецизни операции за спасување како што правевме во минатото, каде што нашите разузнавачки информации укажуваат дека можеби има тела на заложници“, се вели во соопштението на војската.
Israel has just bombed the patient ward inside Nasser hospital in Khan Younis just after 2am local time. At least 1 dead, and 6 wounded; all patients who were already victims of Israeli aggression. This is video I received from a doc inside the hospital in the aftermath pic.twitter.com/FnhLAj93ZX
— Nora Barrows-Friedman (@norabf) February 15, 2024
Војската не ги објави тие докази во јавноста. Хагари рече дека силите на ИДФ „спроведуваат прецизна и ограничена операција во болницата ‘Насер’“.
Министерството за здравство на Газа потврди дека израелските сили ја нападнале главната болница во јужниот дел на територијата. Болницата „Насер“ беше главно отсечена од неколкунеделните борби.
Вчера, илјадници раселени Палестинци, кои се засолниле таму, почнаа да бегаат кога Израел објави дека им отворил коридор за бегство.
BREAKING: Israeli troops storm main hospital in southern Gaza Strip after ordering its evacuation https://t.co/93TU9roeOX
— The Associated Press (@AP) February 15, 2024
Во текот на ноќта израелски оган врз објектот уби еден пациент, а рани шест други, изјавија лекарите. Израелските сили отворија оган врз главната болница во јужниот дел на Газа рано во четвртокот, при што убиле еден пациент, а раниле уште шест, велат лекарите, а армијата се обидувала да евакуира илјадници раселени луѓе од медицинскиот комплекс, главно отсечен од борбите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Топлотен бран во Индија, температурите надминуваат 45 степени
Северна Индија, вклучувајќи го и главниот град Делхи, е зафатена од жесток топлотен бран, со температури над 45 степени во текот на викендот.
Во областа Најафгар во Делхи во неделата се забележани рекордни 47,8 степени, што е највисока вредност во земјата оваа година, јавува Би-Би-Си.
Метеоролошката служба соопшти дека горештините најверојатно ќе продолжат оваа недела.
Индиските лета, кои траат од мај до септември, обично се топли и влажни.
Индискиот метеоролошки оддел соопшти дека земјата најверојатно ќе доживее подолги и поинтензивни топлотни бранови оваа година.
Во саботата, температурите надминаа 45 степени на 10 локации во Регионот на Националната престолнина (NCR), кој го опфаќа Делхи и некои области од соседните држави Утар Прадеш, Харајана и Раџастан.
IMD предвиде дека максималните температури во Делхи и другите северни градови најверојатно ќе се движат околу 45-46 степени во понеделник и вторник.
Оваа недела во многу индиски држави ќе се одржат избори. Во понеделник милиони гласачи ќе гласаат во Махараштра, Утар Прадеш и Бихар, а во Делхи на 25 мај.
Изборите се одржуваат во седум фази од 19 април до 1 јуни.
Многу луѓе изразија непријатност поради излегувањето на екстремна топлина. Посочуваат дека стоењето во редици е тешко, особено за повозрасните.
Изборните власти во Индија го продолжија времето на гласање и побараа од граѓаните да се заштитат од жештините додека одат да гласаат.
Свет
„Тој беше нашиот голем брат и заштитник“: се огласија Хамас, Хезболах и Хутите
Милитантните групи Хамас, Хути и Хезболах, поддржани од Иран, испратија сочувство до Техеран за смртта на претседателот на земјата, Ебрахим Раиси.
Раиси загина во хеликоптерска несреќа заедно со неговиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир-Абдолахиан, во неделата во провинцијата Источен Азербејџан, северозападно од Иран.
Неколку часа откако беше потврдена нивната смрт, висок функционер на Хутите, Мохамед Али Ал-Хути, испрати своето сочувство.
„Нашето најдлабоко сочувство до иранскиот народ и иранското раководство. Иранскиот народ ќе продолжи да има лидери лојални на својот народ“, рече тој.
Хамас соопшти дека го изразува своето „искрено, длабоко сочувство и солидарност до врховниот лидер, иранската влада и братскиот ирански народ“.
„Уверени сме дека Исламската Република Иран ќе може, со помош на Алах, да ги надмине последиците од оваа голема загуба, бидејќи драгиот ирански народ има силни институции способни да се справат со оваа тешка искушение“, наведуваат од Хамас.
Хезболах, со седиште во Либан, го спореди Раиси со „големиот брат“.
„Со претседателот Раиси се познаваме долго време. Тој беше нашиот голем брат, силна поддршка и непоколеблив бранител на нашите ставови и прашања за нацијата и заштитник на движењето на отпорот“, рече Хезболах.
Иран обезбеди воена и економска поддршка на Хамас, Хутите и Хезболах.
Свет
Аналитичар: Нема да биде тешко да се пополни празнината во Иран по смртта на Раиси
„Нема да биде тешко да се пополни празнината по смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси“, изјави за Си-Ен-Ен аналитичар од Техеран.
„Претседателот Раиси не беше многу успешен економски претседател“, изјави за Си-Ен-Ен Меир Џаведанфар, директор на компанијата за економски и политички анализи на Блискиот Исток.
„Во Иран, рацете на претседателот обично се „врзани“, бидејќи иако тој има голема одговорност, овластувањето за спроведување на работите навистина останува во рацете на врховниот лидер“, додаде тој.
Тој, исто така, посочи дека Раиси „не бил некој со искуство во безбедноснite прашања“, ниту некој „со искуство во иранската државна администрација“.
„Тој не беше човек со визија. Тој не беше харизматичен политичар кој дојде да ги промени работите“, рече Џаведанфар.
Економијата со која требаше да управува всушност се влоши под претседателот Раиси, посочи тој, пренесува медиумот.