Свет
(Видео) Израел: Нападнавме 250 цели на Хамас во последните 24 часа

Воени авиони на израелските одбранбени сили нападнаа повеќе од 250 цели на Хамас во Појасот Газа во последните 24 часа, изјави портпаролот на ИДФ, адмирал Даниел Хагари. Тој додаде дека биле нападнати оперативниот штаб, тунелите и ракетните фрлачи, кои биле поставени во цивилна средина.
ביממה האחרונה, מטוסי קרב של צה”ל תקפו מעל ל-250 מטרות של ארגון הטרור חמאס ברצועת עזה.
בין המטרות שנתקפו, תשתיות טרור, מפקדות מבצעיות, פירי מנהרות טרור ומשגרי רקטות המוצבים בסביבה אזרחית אשר בוצע באמצעותם ירי לעבר ישראל במהלך הלחימה>> pic.twitter.com/NvtyfBOfYh
— דובר צה״ל דניאל הגרי – Daniel Hagari (@IDFSpokesperson) October 26, 2023
Да потсетиме, во текот на ноќта израелските копнени сили извршија и релативно голем упад во областа Газа, јавува „Ројтерс“ повикувајќи се на израелското воено радио. Операцијата имала цел да ги нападне позициите на Хамас, соопшти радиото, и наводно била поголема од претходните копнени напади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ирански генерал: Во текот на ноќта уништивме стратешки цели во Израел

Иран објави дека во текот на ноќта уништил стратешки цели во Израел со помош на беспилотни летала, пренесува агенцијата „Франс прес“.
„Разни видови деструктивни беспилотни летала, со можност за прецизно таргетирање, ги уништија стратешките позиции на ционистичкиот режим во Тел Авив и Хаифа“, изјави генерал Киумарс Хеидари, командант на иранските копнени сили.
Израелски воен претставник изјави дека 20-ина проектили биле лансирани во последниот бран ирански напади, од кои повеќето биле пресретнати. Сепак, како што изјави израелски воен претставник за Би-би-си, некои проектили поминале низ противвоздушната одбрана и погодиле отворени области.
Свет
Иран најави нов напад со дронови

Иран предупреди дека бран беспилотни летала ќе го погоди Израел во наредните часови.
Висок воен командант најави дека нападите ќе се интензивираат.
Иран и синоќа изврши напад, кој траеше четири часа. Овој напад беше комбиниран, со беспилотни летала и проектили на многубројни цели во Израел, со што почна деветтиот бран ирански напади.
Свет
Русите тврдат дека синоќа уништиле 51 украински дрон

Руските единици за воздушна одбрана уништија 51 украинско беспилотно летало над регионот Белгород, соопшти вчера вечерта руското Министерство за одбрана.
Во последните недели и Русија и Украина користат напади со беспилотни летала на голем број прекугранични цели, па руските сили вчера вечерта извршија таков напад врз Киев и неговата поширока област. Лидерите на Киев досега објавија дека при нападот се повредени најмалку 11 лица, како и дека е уништена инфраструктурата.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека споменатото уништување на украински беспилотни летала се случило вчера, меѓу 20 и 23 часот.
Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш се осврна на конфликтот меѓу Русија и Украина.
„Убеден сум дека може да се постигне договор со Москва во врска со крајот на конфликтот во Украина. Сè уште чекам да видам дали договорот ќе биде потпишан или не“, изјави американскиот претседател за новинарите.
Фото: илустрација