Свет
(Видео) Израел објави снимки од масакрот на Хамас: „Најмрачниот ден во историјата на земјата“
Израел објави потсетник на социјалните мрежи на втората годишнина од масакрот на Хамас во Израел. По тој повод, тие објавија и видеа од нападот, како и од израелскиот одговор.
„Пред две години, Израел се соочи со најтемниот ден во својата историја. На 7 октомври, палестинските џихадисти на Хамас ја нападнаа нашата земја. Тие убија, запалија и киднапираа невини мажи, жени и деца“, се вели во објавата.
🕯️ Prije dvije godine, Izrael se suočio s najmračnijim danom u svojoj povijesti.
7. listopada, palestinski džihadisti Hamasa napali su našu zemlju. Ubijali su, spaljivali i otimali nevine muškarce, žene i djecu.Dvije godine kasnije, sjećamo se 7. listopada – sjećamo se žrtava,… pic.twitter.com/jDq0QChZvq
— Israel in Croatia (@IsraelinCroatia) October 7, 2025
„Две години подоцна, се сеќаваме на 7 октомври – се сеќаваме на жртвите, се молиме за враќање на заложниците што сè уште се држат во Газа и сме обединети против теророт. Хамас мора да биде расформиран за да се стави крај на оваа војна“, објави Израел.
„Остануваме посветени на нашите вредности, сега повеќе од кога било. Светлината ќе ја победи темнината“, заклучува објавата.
Пред точно две години, Хамас започна координиран напад врз јужен Израел. Милитантите на Хамас и Исламски џихад ја пробија оградата што ја одделува Газа од Израел, нападнаа голем број гранични населби, убија цивили, запалија домови и киднапираа луѓе. Нападите траеја со часови, а според официјалните израелски бројки, околу 1.200 луѓе беа убиени, додека повеќе од 250 луѓе беа земени како заложници во Газа.
Израел веднаш одговори со обемни воени операции – воздушни напади, копнени операции и опсада на Појасот Газа. Во текот на двете години војна, десетици илјади Палестинци беа убиени, а стотици илјади останаа без покрив над главата. Хуманитарната ситуација во Газа останува катастрофална.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.
Свет
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб, изјави локалниот гувернер за агенцијата Тасним.
Моментално нема достапни дополнителни информации, нагласува Тајмс оф Израел.
Иранските власти претходно го осудија инцидентот како „брутална агресија“. Властите во Иран сè уште не ги коментираа деталите за нападот, а нема коментар ниту од израелска страна.

