Свет
(Видео) Илјадници евакуирани поради пожар во фабрика во Северна Каролина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/1097383_pozar_ls.jpg)
Пожарот во фабриката за вештачко ѓубриво во американската сојузна држава Северна Каролина принуди илјадници луѓе да се евакуираат поради страв од можна голема експлозија.
Речиси 6.500 луѓе се евакуирани од градот Винстон-Салем, како и затвореници од блискиот затвор и студенти од кампусот, по избувнувањето пожар во фабрика за вештачко ѓубриво, пренесуваат светските медиуми.
Причината за пожарот не е позната, но властите предупредија на зголемена закана бидејќи во фабриката има меѓу 300 и 600 тони амониум нитрат.
DRONE FOOTAGE – 4440 N. Cherry St. If you or someone you know lives within a one mile radius of this location please evacuate the area. #WeaverFire #WSFire .107 pic.twitter.com/sZSml1eYQX
— Winston-Salem FD (@cityofwsfire) February 1, 2022
Досега се евакуирани речиси 2.500 домови, како и 220 затвореници од казнено-поправниот дом „Форсајт“ и студентите од кампусот на Универзитетот „Вејк Форест“.
Универзитетот ја откажа наставата и отвори уште три кампуси за да ги заштити студентите.
Затворениците биле префрлени во поправен дом во Тејлорсвил, а Градот отворил установа на саемот „Винстон-Салем“, каде што се засолниле евакуираните граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Вулканот Етна повторно активен, властите соопштија дека нема причина за паника
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/vulkan-etna.jpg)
Еден од најактивните италијански вулкани, Етна, од минатиот викенд повторно исфрла лава, објавија италијанските медиуми.
Надлежните најавија дека будно ја следат ситуацијата и дека нема причина за паника.
Првите слаби ерупции беа забележани на 8 февруари, а тенки потоци лава беа регистрирани и во вторникот на јужната падина на кратерот познат како Боча Нуова, објави веб-страницата nationalworld.com.
Не се забележани значителни промени во параметрите на вулканот, објави „Опсерваторијата Етна“ на Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ).
Како што е соопштено, лавата тече во многу тесна линија и се протега на само неколку стотици метри, па се карактеризира како нормална вулканска активност.
Според вулканолозите, овој феномен е типична подтерминална ерупција бидејќи доаѓа од фрактура, а не од еден од главните кратери.
Етна, на островот Сицилија, е највисокиот активен вулкан (3.330 метри) во континентална Европа.
Минатото лето, по период на релативен одмор по големата ерупција во декември 2023 година, имаше неколку последователни ерупции.
И покрај честите ерупции, Етна е главна туристичка атракција.
Во 2013 година УНЕСКО ги прогласи вулканот и неговата околина за светско наследство препознавајќи ги неговото геолошко значење и влијанието врз локалната култура и економија.
Свет
Зеленски: Нападите врз Киев покажуваат дека Путин не се подготвува за мир
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/12/zelenski45.jpg)
Денешните руски ракетни и беспилотни напади врз Киев покажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин не се подготвува за мир, изјави денеска украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Во денешните напади на пет кварта на Киев најмалку едно лице загина, а тројца се ранети, изјави градоначалникот Виталиј Кличко на „Телеграм“.
„Путин не се подготвува за мир. Тој продолжува да убива Украинци и да уништува градови. Само силни мерки и притисок врз Русија може да стават крај на овој терор“, рече Зеленски.
„Она што ни треба сега се единство и поддршка на сите наши партнери во борбата за праведен крај на војната“, додаде тој.
Зеленски синоќа изјави дека е подготвен за размена на територија со Русија како дел од можните мировни преговори под покровителство на Соединетите Американски Држави.
Свет
Потврдено: во Украина убиен првиот Швајцарец
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/shvajcarija-EPA.jpg)
Првпат од почетокот на руската инвазија во 2022 година швајцарски борец загина на бојното поле во Украина.
Швајцарската амбасада во Киев била информирана за неговата смрт на почетокот на годината, соопшти денеска швајцарското Министерство за надворешни работи.
Според швајцарските медиуми, службата во странски армии, како што е платеничкиот ангажман, според швајцарскиот воен кривичен закон се казнува со казна затвор до три години или со глоба.