Свет
(Видео) Илјадници луѓе бегаат кон плажите од големите пожари во Австралија
Илјадници туристи и жители на Австралија се упатиле кон плажите за да избегаат од пожарите што зафатија неколку градови во близина на брегот во екот на летната сезона.
This is fucken insane. Impossible to even comprehend what they’re going though right now. Unbelievable. #Mallacoota #VictoriaFires pic.twitter.com/fXYDvHA0Mq
— Luke Foley – unbearable LFC fan (@LukeAFoley) December 31, 2019
Владини претставници ги повикаа австралиската војска и противпожарните екипи на САД и Канада да им помогнат во борбата против пожарот откако две лица загинаа.
Со тоа, вкупниот број загинати во пожарите се искачи на 11, објави денеска „Ројтерс“.
This photo needs to be the front page of every paper in Australia for the first day of the new decade. Welcome to the 20’s, Australia. #mallacoota #australiaburns pic.twitter.com/6bcswM3yeU
— Dan (@danbakes) December 31, 2019
Големите пожари уништија четири милиони хектари земјиште. Екстремно високите температури предизвикаа повеќе од 200 пожари по должина на југоисточниот брег во државите Нов Јужен Велс и Викторија.
Locals and tourists holding tight on the #Mallacoota wharf as the bushfire passes through the popular seaside summer holiday spot #AustraliaBurns (? from ‘travelling_aus_family’ on Instagram). pic.twitter.com/NfQxlwObxv
— Siobhan Heanue (@siobhanheanue) December 31, 2019
Околу 4.000 луѓе во малиот град Малакот, Викторија, се упатиле кон плажите, откако главниот пат бил отсечен од пожари.
„Немавме друга опција“, рекол Џејсон Селмес, жител на Малакота, за време на евакуацијата.
Густиот чад го претворил денот во ноќ и како што одминувал денот, небото полека станувало портокалово.
Кога се огласила градската сирена за тревога, некои жители нашле спас во морето и сега на чамци гледаат како огнот го голта градот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Прво огласување на кралот Чарлс по апсењето на Ендру
Британскиот крал Чарлс се огласи по апсењето на својот брат и поранешен принц Ендру.
„Со најдлабока загриженост ја примив веста за поранешниот принц Ендру Маунтбатен Виндзор и сомневањето за злоупотреба на јавна функција. Она што сега следи е целосен, фер и правилен процес за соодветно истражување на ова прашање и од страна на надлежните органи. Во ова, како што реков, тие ја имаат нашата целосна и безусловна поддршка и соработка. Да бидам јасен: законот мора да си го направи своето. Додека овој процес продолжува, не би било соодветно да коментирам понатаму. Во меѓувреме, моето семејство и јас ќе продолжиме да ја извршуваме нашата должност и да ви служиме на сите вас. Чарлс Р.“, изјави тој.
Свет
Стармер: Никој не е над законот
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека уапсениот Ендру Маунтбатен-Виндзор треба да разговара со властите во Велика Британија и САД во врска со „скандалот“ околу осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, нагласувајќи дека „никој не е над законот“.
Во интервју за Би-Би-Си, Стармер рече дека секој што има релевантни информации има обврска да се јави кај властите.
„Секој што има какви било информации треба да сведочи. Без разлика дали е Ендру или некој друг, секој што има релевантни информации треба да контактира со надлежниот орган“, истакна британскиот премиер, додавајќи дека ова важи не само за случајот Епстин, туку и за сите други случаи на насилство врз жени и девојчиња.
Стармер истакна дека еден од основните принципи на британскиот систем е дека сите се еднакви пред законот.
„Никој не е над законот. Тоа е долгогодишен и многу важен принцип на нашето општество и мора да се примени во овој случај на ист начин како и во секој друг“, рече тој.
Ендру Маунтбатен-Виндзор беше уапсен денес во неговиот имот Вуд Фарм во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден, објави британскиот „Телеграф“, повикувајќи се на неименувани извори.
Ендру беше уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција.
Регион
Пленковиќ: Разговарав со Вучиќ, Сојузот е „технички“
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денес во Њу Делхи изјави дека за време на разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, тој „ги отфрлил стравувањата на Србија во врска со одбранбената соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово“.
„Ги отстранивме стравувањата што, според нас, постојат во Србија во врска со соработката меѓу министерствата за одбрана на Хрватска, Косово и Албанија.“ Објаснив дека оваа соработка е насочена кон техничка соработка на нашите оддели и дека на никаков начин не е насочена против Србија“, рече Пленковиќ.
„Значи, сега, колку што видов од неговата изјава, таа е прифатена“, им рече Пленковиќ на новинарите на маргините на самитот за вештачка интелигенција во Њу Делхи, пренесува „Хина“.
Според написите, минатата година, Хрватска, Албанија и Косово потпишаа Декларација за соработка во областа на одбраната и безбедноста, која, според толкувањето на експертите, не е исто што и договор за воено-техничка соработка,.

