Свет
(Видео) Инцидент над Јужното Кинеско Море: кинески авион на опасна близина до американски воен бомбардер
Американската војска објави дека кинески авион опасно се приближил до американски воен бомбардер претходно оваа недела и дека тоа се случило над Јужното Кинеско Море.
Информацијата беше објавена од американската Индо-пацифичка команда во четвртокот и го потврдува она за што предупредуваа американските воени претставници – сè поопасното однесување на кинеските борбени авиони, пишува „Дејли мејл“.
The Pentagon has released footage of a dangerous approach between a Chinese J-11 fighter jet and an American B-52 strategic bomber over the South China Sea.
The US claims that the distance between the planes at the most critical moment was 3 meters, and doubts that the Chinese… pic.twitter.com/eJ9iYnIO1t
— Sprinter (@Sprinter99800) October 26, 2023
Американската војска ги осуди однесувањето на кинескиот пилот и маневарот што тој го изведе велејќи дека непотребно ги става на ризик и американските и кинеските пилоти.
Покрај тоа, беше објавена снимка на која се гледа како кинескиот „J-11“ доаѓа на 10 метри од „Б-52“.
Официјални лица исто така рекоа дека американските воздухопловни сили „Б-52“ легално извршувале рутински мисии над меѓународните води во Јужното Кинеско Море кога идентификуваниот кинески авион се приближил со преголема брзина.
„Загрижени сме што овој пилот не знаел колку блиску е да предизвика несреќа“, рекоа официјални лица додавајќи дека инцидентот, најверојатно, бил несреќен случај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.
Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Свет
Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре
Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.
Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.
„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.
Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.