Свет
(Видео) Иранскиот режим убивал демонстранти, објавени возенемирувачки снимки
На масовните протести во Иран, поттикнати од намалувањето на субвенциите за гориво, безбедносните сили убиле најмалку 143 демонстранти, според информациите што од теренот ги собрала организацијата „Амнести интернешнл“.
Во извештајот се нагласува дека речиси сите смртни случаи се резултат на употреба на огнено оружје и дека вистинскиот број на загинати лица е веројатно многу поголем – околу 350, пишува „Вајс њуз“.
Меѓутоа, иранскиот режим ја негира оваа бројка и тврди дека загинале само мал број луѓе, вклучително и припадници на безбедносните сили убиени од демонстрантите.
Министерот за внатрешни работи исто така рече дека во протестите, во кои учествувале околу 200 илјади луѓе, запалени биле 731 банка, 140 владини канцеларии, 70 бензински пумпи и нападнати повеќе од 50 бази на безбедносните сили.
نمیدانم کدام شهر است و مربوط به چه روزی است اما این جنگ است. جنگ مردمی بیسلاح و بیدفاع که بر حکومتی نامردمی شوریدهاند و جنگ حکومتی مسلح، نامشروع و سرکوبگر علیه مردمش. pic.twitter.com/98oh9Mo2Op
— shahed alavi (@ShahedAlavi) November 18, 2019
Исто така, значајно е тоа што за време на протестите властите го исклучија пристапот до интернет речиси во целата земја спречувајќи ги демонстрантите и активистите да објават што се случува во земјата и да известуваат за загинатите и повредените. Блокадата траеше пет дена.
#BREAKING: This horrific video was leaked now shows Police of #Iran‘s Islamic Regime constantly shooting at an injured & unarmed protester & then beating him with metal bar in-order to arrest him during the second day of #IranProtests in #Gorgan! The protester died later. pic.twitter.com/4yljMYgSG4
— Babak Taghvaee (@BabakTaghvaee) November 24, 2019
Но, кога протестите беа задушени и минатата недела почна да се враќа интернет-врската, од земјата почнаа да пристигнуваат потресни снимки што ги потврдуваат тврдењата на активистите: иранската полиција, војската и паравоени сили пукале врз невооружени демонстранти и убиле голем број од нив.
⚡️بهترین روایت سرکوب
حمله وحشیانه نیروهای سرکوبگر به شهروندانی که اعتراض مسالمتآمیز کردند.
تهران، ستارخان، آبان ۹۸#تظاهرات_سراسری #اعتراضات_سراسری #IranProtests pic.twitter.com/1FIbdvgr3F— Human Rights In Iran (@ir_humanrights) November 22, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите
Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.
За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.
Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.
Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.
Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.
Свет
Мигранти плаќале 18.000 евра за превоз преку Ла Манш, биле сексуално експлоатирани
Виетнамска криминална мрежа беше пресечена со акција на полициите на Франција и Англија, со поддршка на Европол.
Оваа група шверцувала мигранти преку Ла Манш и организирала нивна сексуална и трудова експлоатација како и перење пари.
Главниот организатор, идентификуван како десна рака на водачот на оваа банда, го организирал шверцот, додека друг нивни соучесник бил задолжен за собирање пари и организирање на транспортот на мигрантите, кои плаќале од 15.000 до 18.000 евра за превоз преку каналот , соопшти Европол.
На пат од Полска за Франција, некои од мигрантите шверцувале метамфетамин во парискиот регион, снабдувајќи ги азиските групи за шверц на дрога со седиште во областа во замена за намалена цена на патувањето.
Уапсени се 16 членови на оваа група и одземени се разновидна луксузна стока, 100.000 евра во кеш и уште 298.000 евра на банкарски сметки.