Свет
(Видео) Иран почна со збогатување на ураниумот до 20 проценти
Иран почна со збогатување на ураниумот до 20 проценти во подземен објект, изјави портпаролот на иранската влада.
Државната новинска агенција ИРНА го цитира Али Рабеи дека претседателот Хасан Рохани ја дал наредбата за тоа производство во нуклеарниот комплекс „Фордо“.
Збогатувањето на ураниумот до 20 проценти е краток технички чекор до ниво на оружје од 90 проценти, според АП.
Одлуката на Иран да почне со збогатување на ураниумот до 20 проценти пред десет години речиси доведе до израелски удар врз неговите постројки и предизвика тензии, кои се смирија само кога иранскиот нуклеарен договор со големите сили беше склучен во 2015 година.
Враќањето на збогатувањето на ураниумот до 20 проценти може да доведе до враќање на тензиите.
Иран почна со поголемо збогатување на ураниумот откога американскиот претседател Доналд Трамп еднострано се повлече од иранскиот нуклеарен договор со светските сили во 2018 година. Оттогаш имаше неколку инциденти меѓу двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Фајненшл тајмс: Зеленски предлага демилитаризирана зона во Донбас
Украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен да нареди повлекување на украинската војска од делови на Донбас, но само доколку истото го стори и Русија, со цел да се воспостави демилитаризирана зона, што е дел од американскиот нацрт-мировен план. Оваа информација Зеленски ја споделил со западните лидери за време на видеоконференција одржана пред неговото патување во Соединетите Американски Држави, пишува „Фајненшл тајмс“.
Според два извора запознаени со разговорите, Зеленски не очекува Москва да се откаже од своите барања и има намера да го поттикне американскиот претседател Доналд Трамп да го засили притисокот врз Русија. Меѓу неговите приоритети се обезбедување стабилно финансирање за вооружените сили и дополнителна поддршка за противвоздушната одбрана, а наводно се залага и за присуство на европски сили на украинска територија.
Зеленски повторил дека какви било територијални отстапки се можни исклучиво со одлука на народот на референдум, кој би морал да се одржи во безбедни услови и по воспоставување прекин на огнот. Тој се осврнал и на прашањето за нуклеарната електрана Запорожје, предлагајќи таа да биде ставена под меѓународна управа и со електрична енергија рамноправно да ги снабдува двете страни во конфликтот.
Фото: Depositphotos
Свет
Зеленски пред средбата со Трамп: Многу работи можат да се решат пред Нова година, одлуката зависи од партнерите
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Киев прави сè за да ја заврши војната со Русија, но дека на крајот одлуката за мир ќе зависи од неговите партнери.
„Ова се едни од најактивните дипломатски денови во годината и многу работи можат да се решат пред Нова година, а ние правиме сè за таа цел, но дали ќе се донесат одлуки зависи од партнерите“, напиша Зеленски на комуникациската платформа Телеграм пред средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Флорида.
Тој додаде дека украинските партнери треба да го зголемат притисокот врз Москва „за Русите да ги почувствуваат последиците од нивната агресија“.
Зеленски, кој доцна синоќа пристигна на Флорида со својата делегација, се среќава со Трамп за да се договори план за завршување на војната во Украина. Тој им се заблагодари на сите што ѝ помагаат на Украина.
Зеленски објави дека за време на средбата во резиденцијата на Трамп во Флорида, планира да разговара за судбината на спорниот регион Донбас во источна Украина, како и за иднината на нуклеарната централа Запорожје.
Depositphotos
Свет
(Видео) Авион се урна во близина на една од најпознатите плажи, пилотот загина
Помал авион се урна во морето во близина на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро, при што загина пилотот, објави порталот „Г1“, повикувајќи се на пожарникари.
Телото на пилотот е пронајдено и неговата идентификација е во тек.
„Тоа беше првиот работен ден на пилотот “, рече заменик-префектот на јужната зона на градот, Бернардо Рубијао.
Станува збор за авион со еден мотор со рекламен банер.
ULTRALEVE
Avião de propaganda cai no mar da praia de Copacabana e assusta banhistas; caso é investigado > https://t.co/H2ogGBdYCo pic.twitter.com/xPHvJBuObi
— Estadão 🗞️ (@Estadao) December 27, 2025
Градското собрание на Рио де Жанеиро објави дека компанијата чиј авион се урна немала дозвола да спроведе рекламна кампања.

