Свет
(Видео) Иран тврди дека 80 Американци се убиени, објавена снимка од гранатирањето на воените бази
Иранската државна телевизија денеска објави дека најмалку 80 „американски терористи“ се убиени во иранскиот напад врз американски цели во две воени бази во Ирак, а приложи и снимки за кои тврди дека го прикажуваат моментот кога Иранците нападнале воздушна база во Ирак во која биле сместени американски трупи.
„Доаѓа, доаѓа… Доаѓа трета“, се слуша во драматичното видео за кое се верува дека го прикажува моментот од гранатирањето на ирачката воена база Аин-Асад.
“It’s coming, it’s coming…third is coming”
Footage allegedly shows the moment that #Iranian missiles lands in #Iraq‘s Ain AlAssad air base that hosts #US troops pic.twitter.com/wlRQZgYk7C— Nafiseh Kohnavard (@nafisehkBBC) January 8, 2020
Гласови на вознемирени луѓе се слушаат во краткото видео објавено во повеќе водечки светски медиуми, а на снимките се прикажани и неколку блесоци што доаѓаат од далечината каде што се наоѓа оваа база.
Блесоците беа проследени со силен ек од експлозија.
Повикувајќи се на неименуван висок извор од Иранската револуционерна гарда, иранските медиуми пренесуваат дека земјата има на нишан уште 100 други цели во регионот ако Вашингтон преземе некаков акт за одмазда поради нападите, пренесува „Ројтерс“.
Телевизијата тврди дека американскиот претседател се обидува да ја минимизира штетата од иранските ракетни напади врз американски цели со твитови дека „сè е во ред“.
Исто така, се наведува дека американски хеликоптери и воена опрема биле тешко оштетени без притоа да пресретнат ниедна иранска ракетa.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.