Свет
(Видео) Исламскиот џихад: Подготвени сме да ги ослободиме Хана и Јаков
Палестинскиот Исламски џихад објави видео од двајца израелски заложници што ги држи во Газа, 77-годишна жена и 13-годишно момче, велејќи дека е подготвен да ги ослободи „доколку се исполнат безбедносните услови“. Терористичката група објави дека е подготвена да ги ослободи Хана Кацир и Јагил Јаков од хуманитарни причини.
„Подготвени сме да ги ослободиме од хуманитарни причини кога ќе се исполнат безбедносните услови на теренот“, рече портпаролот на военото крило на Исламскиот џихад, познат по неговото име Абу Хамза. Таа организација во Појасот Газа ги здружи силите со Хамас во борбата против Израел. Израелската војска го осуди објавувањето на видеото како психолошки тероризам од најлош вид.
Хамза потврди дека неговата вооружена група, заедно со Хамас, почнала напад врз Израел на 7 октомври кога исламистичките командоси во еден ден убија 1.400 Израелци, речиси сите цивили, а киднапираа 240 заложници. Меѓу киднапираните има и странски државјани и лица со двојно државјанство. Хамас призна дека држи околу 200 заложници.
Исламскиот џихад објави дека држи и други заложници, но не го прецизира бројот. Во видеото и момчето и 77-годишната жена изразија желба да бидат ослободени што е можно побргу за да се обединат со своите семејства и го осудија начинот на кој премиерот Бенјамин Нетанјаху се справува со оваа криза.
🇵🇸🇮🇱 La Jihad Islámica Palestina publica un vídeo de los rehenes israelíes Hanna Katzir, de 77 años, y Yagil Yaakov, de 13, y dice que serán liberados del cautiverio “por razones humanitarias”.
Le hacen agredecerles a los secuestradores por “cuidarlos”. pic.twitter.com/4bsGehy2Ts
— Molotov News (@MolotovNewss) November 9, 2023
Хамза понатаму наведува дека здравјето на 77-годишната жена е загрозено бидејќи повеќе не може да се грижат за неа поради недостиг на струја и гориво. За момчето рекоа дека се подготвени да го ослободат поради хуманитарни причини и неговата возраст, иако, како што тврдат, затворите на окупаторот се преполни со палестински деца. Јагил Јаков и Хана Кацир биле киднапирани од кибуцот Нир Оз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Рјабков: Русија нема доверба во НАТО
Геополитичките проекти со НАТО сега се невозможни, Москва нема доверба во Алијансата и кај нас предизвикува политичка и емотивна одбивност, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
„Геополитички дизајн од секаков вид со НАТО е невозможен. НАТО не е пандан способен за преговори, тоа е групација во која не само што немаме ни најмала доверба, туку ни предизвикува политички и, дури би рекол, емотивна одбивност“, рече Рјабков во интервју за ТАСС.
Тој посочи дека Русија ќе работи со оние „кои се подготвени да преговараат на еднаква основа“.
„Големиот евроазиски простор, концептите на евроазиската безбедност, се она што доаѓа во центарот на вниманието на архитектонските проекти во однос на политиката и геополитиката. Според нас, тоа е она на што пред се треба да се фокусираме“, посочи Рјабков.
Свет
Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел
Командантот на силите Кудс, Есмаил Кани изјави дека трите европски земји кои ги распоредија своите воени авиони за да го одбранат Израел од одмаздничката операција организирана од Иран ќе одговараат.
– Франција, Германија и Велика Британија не треба да мислат дека распоредувањето на авионите таа ноќ е крај на проблемот. Да, таа ноќ заврши, но ќе одговорат во догледно време – изјави бригадниот генерал Есмаил Кани.
Според него, Соединетите Американски Држави и целата западна воена алијанса на НАТО придонеле со сите свои воени капацитети за одбрана на Израел од иранската операција „Вистинско ветување“, пренесува иранската агенција „Тасним“.
– Седум или осум поморски групи се распоредени во Црното Море за да се спречи (иранската) операција – рече тој, додавајќи дека во таа операција се вклучени и повеќе од 200 авиони.
Кани оцени дека Иран ја покажа својата сила, непоколебливост и моќ на целиот свет при нападот на територијата на Израел.
– Победата на операцијата „Вистинско ветување“ не е ограничена само на бројот на ракети и беспилотни летала кои стигнаа до окупираните територии – рече Кани и ги повика земјите од регионот да учат од, како што наведе, „неспособноста на САД да го заштитат израелскиот режим за време на иранската операција“ и да не се потпираат на Вашингтон.
На 13 април Техеран истрела повеќе од 300 беспилотни летала и проектили кон Израел, како одговор на нападот врз иранскиот конзулат во сирискиот главен град Дамаск на 1 април, кога беа убиени седум членови на Иранската револуционерна гарда.
Иран тврди дека нападот „Вистинско ветување“ предизвикал голема штета на израелските воени бази.
Регион
Изгласана новата влада на Хрватска: Пленковиќ по трет пат стана премиер
Пратениците во хрватскиот Сабор вечерва гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ. За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Претседателот и членовите на Владата потоа дадоа заклетва пред пратениците, со што Андреј Пленковиќ го започна третиот последователен мандат како премиер.
Во Собранието денеска беше претставена четиригодишната програма на новата Влада, која се заснова на „успешна, витална, праведна, одржлива и суверена Хрватска“.
Во новиот мандат, владата на Пленковиќ најавува просечна нето плата од 1.600 евра, минимална бруто плата од 1.250 евра, како и отворање на 125.000 нови работни места.
До крајот на мандатот на новата влада, пензиите треба да се зголемат за најмалку 30 отсто, со што просечната пензија би изнесувала најмалку 750 евра.
Новата влада наместо досегашните 16 ќе има 18 министерства и седум потпретседатели.