Свет
(Видео) Исповед на јутјубер со подморницата „Титан“: Ако експедицијата не беше откажана, можев да бидам внатре
Јутјубер со корисничко име Scuba Jake ја објави својата снимка од „Оушн гејт“ на подморницата „Титан“, на која се наоѓаше оваа година, неколку недели пред трагедијата, во која загинаа пет лица.
Беше во „Мисија III“. Неговата експедиција на крајот беше откажана поради неочекувани проблеми. Трагедијата во која подморницата заврши со експлозија со пет патници во него е „Мисија V“.
На видеото, меѓу другото, може да се види како изгледа процесот на влегување во подморницата, затворање со 17 завртки однадвор и нурнување.
„Да не беше откажана експедицијата, можев да бидам во таа подморница“, вели јутјуберот во видеото, кој помина девет дена на бродот „Оушн гејт“. Тој го покажа и процесот на мерење пред да влезе во подморницата, која требаше да се спушти до потонатиот брод „Титаник“.
Влезот во подморницата можете да го видите од дваесеттата минута од видеото подолу.
„Носев неколку чоколадни бисквити, два сендвича и камера за да можам сето тоа да го снимам“, објаснил тој. На видеото се гледа и Стоктон Раш, извршен директор на „Оушн гејт“, кој загина во подморницата. Во една сцена Стоктон го покажува и контролорот што управува со подморницата. Исто така, на видеото на „Јутјуб“ се слуша Раш како вели дека го откажува нуркањето затоа што „нешто не е во ред со мозокот на подморницата“, односно со системот за контрола.
„Ова е потсетник дека животот е многу скапоцен и може да исчезне за секунда. Да беше убаво времето, да ме прашаше Стоктон дали сакам место во таа подморница, повторно ќе одев. Можев да бидам со нив. Благодарен сум што сум овде денес, но луѓето во експедицијата беа прекрасни и многу сум благодарен за целото искуство“, вели јутјуберот на крајот од видеото.
Пет члена на екипажот на „Титан“, кој исчезна во неделата, трагично ги загубија животите, а врз основа на остатоците од подморницата експертите заклучуваат дека несреќата била предизвикана од имплозија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сè потензично меѓу Словачка и Украина: Зеленски и Фицо разговарале за руската нафта
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, и словачкиот премиер Роберт Фицо телефонски разговараа во услови на зголемени тензии поради прекинот на испораката на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, кој минува низ Украина.
Од кабинетот на Зеленски соопштија дека претседателот го поканил Фицо во Украина за да разговараат за сите отворени прашања.
Словачка и Унгарија го обвинуваат Киев за одолговлекување со повторното пуштање во работа на нафтоводот, чиј дел во Украина беше оштетен во руски напади во јануари. Тие тврдат дека е поправен, но Зеленски посочи дека работите сè уште не се завршени и ја повика Будимпешта да разговара со Москва, која, според него, повеќепати го бомбардирала нафтоводот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан соопшти дека со Фицо формирале заедничка истражна комисија и побара Украина да дозволи унгарски и словачки инспектори да влезат во земјата. Во меѓувреме, Орбан го блокира заемот од 90 милијарди евра од Европската унија за Украина и нови санкции против Москва, сè додека не продолжат испораките преку „Дружба“.
Свет
Врховниот суд на Израел ја стопира владината забрана за хуманитарните организации во Газа
Израелскиот Врховен суд привремено ја блокира одлуката на владата со која на 37. меѓународни хуманитарни организации, меѓу кои и „Лекари без граници“ и Норвешкиот совет за бегалци, им беше наложено да го прекинат работењето во Газа и на Западниот Брег, освен ако не ги прифатат новите услови, вклучително и доставување список на палестински персонал.
Седумнаесет здруженија пред шест дена побараа од судот итно укинување на одлуката, предупредувајќи на тешки хуманитарни последици.
Со привремената одлука на судот, организациите ќе можат да продолжат со поголемиот дел од активностите додека не се донесе конечна пресуда. Израелските власти тврдат дека мерката е неопходна за да се спречи злоупотреба на хуманитарната помош од палестински вооружени групи.
Свет
„Политико“: Демократите бараат итно објавување на транскриптот од сведочењето на Хилари Клинтон
Демократите во Претставничкиот дом бараат целиот транскрипт од сослушувањето на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон пред членовите на Надзорниот комитет, во врска со истрагата за осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, да биде објавен во рок од 24 часа.
Како причина за ова барање, демократите ја наведуваат ограничената транспарентност на постапката зад затворени врати, пишува американскиот „Политико“.
Демократските конгресмени Роберт Гарсија, Јасамин Ансари, Весли Бел, Сухас Субрамањам и Џејмс Вокиншо, кои се и членови на Надзорниот комитет на Претставничкиот дом што го спроведе сослушувањето, го поднесоа ова барање, но како што е наведено, веројатноста за објавување на транскриптот во толку краток временски период е многу мала.
Постапката бара судскиот записничар да го врати транскриптот во Комитетот по неколку дена, а правниот тим на Клинтон мора да го разгледа пред да биде објавен.
Сепак, демократите бараат итно објавување на транскриптот бидејќи Хилари Клинтон побара сослушувањето да биде отворено за јавноста, што беше одбиено.
Гарсија, исто така, рече дека Клинтон одговорила на сите прашања за време на сослушувањето и дека не се повикала на Петтиот амандман и дека не дала никакви информации што би биле корисни за истрагата на комисијата.
„Сведоци сме на неверојатно лекомислена кловновска претстава на сослушувања каде што членовите на Конгресот и Републиканската партија се повеќе загрижени за добивање можност за фотографирање со секретарката Клинтон отколку за тоа да дојдат до вистината и да повикаат некого на одговорност“, им рече Ансари на новинарите.

