Свет
(видео) Италијанска пратеничка бара Бил Гејтс да биде уапсен за злосторства против човештвото
Италијанска пратеничка успеа да ја одведе играта вина за заговор на сосема ново ниво користејќи ја својата пратеничка позиција да го карактеризира Бил Гејтс како криминалец со вакцини и глобалистичка алатка, пренесува РТ.
Бил Гејтс и неговите напори во борбата против коронавирусот се во центарот на најлудите теории, кои посочуваат можни скриени мотиви зад активностите на милијардерот. Минатата недела италијанската пратеничка за Рим, Сара Кунијал, одржа говор што ретко – ако и воопшто – се слуша во кој било парламент.
Во своето страсно обраќање Кунијал ги повика колегите пратеници да им се спротивстават на плановите за задолжителна вакцинација против Ковид-19.
„Зад ваквите настојувања стојат корумпираните елити, длабоката држава“, тврди таа посочувајќи го Бил Гејтс како еден од главните виновници зад кампањата за вакцинирање ако не и за самата пандемија.
Споре Кунијал, Гејтс со децении работи на политика за депопулација и на планови за диктаторска контрола во глобалната политика за да го добие приматот во земјоделството, технологијата и во енергетиката.
Кунијал, која е познат противник на вакцините, го издвои Гејтс како негативец, пред сè, поради кампањите за вакцинирање што неговата фондација ги спроведува со години во помалку развиените земји. Освен што го обвинува милијардерот за стерилизирање милиони жени во Африка и парализирање стотици илјади деца во Индија, Кунијал ги додаде и ГМО и 5Г-технологијата во конспиративната листа на гревови на Гејтс.
Кунијал исто така остро ги критикува строгите мерки за борба против пандемијата на коронавирусот што нејзината земја ги наметна меѓу првите. Според неа, изолацијата ѝ служи и на глобалистичката агенда, а Италијанците биле подложени на инквизиција на лажните науки.
„Нашите деца се тие што ќе изгубат повеќе, кои се силувани души. На овој начин правото на школување ќе се добива само со ракавица за да ги навикне на условна казна, на ропство и на принудно постапување. Вистинската цел на сето ова е тотална контрола. Апсолутна доминација врз човечките суштества, претворени во заморчиња и во робови, кршење на суверенитетот и на слободната волја“, рече Кунијал.
Кога некои од пратениците се обидоа да ја прекинат, претседателот на парламентарниот дом наложи ред затоа што, според него, во слободен парламент секој има право да го искаже своето мислење.
Во својот говор потоа Кунијал побара од италијанскиот премиер да го изведе Гејтс пред меѓународната правда, освен, како што рече таа, ако Џузепе Конте не е и самиот дел од глобалниот заговор на длабоката држава.
„Следниот пат кога ќе добиете телефонски повик од филантропот Бил Гејтс, проследете го директно до Меѓународниот кривичен суд за злосторства против човештвото“, порача Кунијал.
Иако Гејтс во минатото честопати беше цел на теории на заговор, актуелната пандемија на коронавирусот го зголеми интересот за неговата личност. Неговата потрага по вакцина против Ковид-19, како и неодамнешниот патент на „Мајкрософт“ за нејасно опишан уред што ја следи активноста на телото, кренаа голема врева.
И покрај фактот што Гејтс технички се повлече од одборот на „Мајкрософт“ и веќе не е поврзан со корпорацијата, а „злобниот“ патент WO/2020/060606 воопшто не спомнува импланти, некои заклучија дека милијардерот можеби планира да го микрочипира човештвото под маската на вакцинирање на коронавирусот.
Иако тирадата на Кунијал можеби звучи без преседан, таа не е првата личност од висок профил што го напаѓа Гејтс. Рускиот оскаровец Никита Михалков на почетокот на месецов, исто како Кунијал, алармира на националната телевизија за наводен заговор за депопулација и контрола на населението на планетата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД најавуваат нов пакет помош од 400 милиони долари за Украина
Соединетите Американски Држави денеска ќе објават нов пакет помош од 400 милиони долари за Киев, кој ќе вклучува ракети за системите „Патриот“ и борбените возила на пешадијата „Бредли“, пишува „Политико“, повикувајќи се на неименувани американски претставници.
„Во петок САД ќе објават нов пакет воена помош за Украина во вредност од 400 милиони долари“, пишуваат медиумите.
Политико наведува дека пакетот ќе вклучува ракети „Патриот“ и „Стингер“, пешадиски борбени возила „Бредли“, оклопни транспортери МРАП и противтенковски системи „Јавелин“.
Свет
Лукашенко го разреши началникот на Генералштабот на вооружените сили на Белорусија
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко го потпиша указот за разрешување на началникот на Генералштабот на вооружените сили Виктор Гулевич.
„Генерал-мајор Виктор Гулевич беше разрешен од должноста началник на Генералштабот на вооружените сили, прв заменик министер за одбрана. Соодветната уредба 192 беше потпишана од претседателот“, се наведува во соопштението и се додава дека Гулевич е разрешен од служењето на војската поради неговата возраст, но дека го задржува правото да носи воена униформа, пренесува Известија.
Претходно Лукашенко го критикуваше воено-индустрискиот комплекс (МИЦ) за, како што рече, лошите резултати.
Регион
Србија испраќа хуманитарна помош за Палестинците: Денеска и утре летаат авиони со стока наменета за загрозените во Појасот Газа
Владата на Србија соопшти дека го усвоила Заклучокот за испраќање хуманитарна помош во стока за Палестина, како форма на помош за ранливото население поради критичната хуманитарна ситуација во Појасот Газа.
Хуманитарната помош се дава во вид на храна, вода, медицинска опрема, како и шатори за сместување на семејствата, а вкупната вредност на робата е близу три милиони евра, со тежина од околу 900 тони.
Едниот авион денеска ќе ја земе помошта, а другиот утре, се наведува во соопштението и се додава дека „никој не може да процени“ кога оваа стока ќе стигне до жителите на Газа, со оглед на сложеноста на ситуацијата. Остатокот од хуманитарната помош во неколку наврати ќе биде транспортиран со бродови.
Владата се согласи со предлогот на Министерството за надворешни работи да одговори на повикот на специјализираната агенција на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) за обезбедување финансиска поддршка на Програмата за итна помош на Газа, со уплата на средства во износ од 10.000 евра.