Свет
(Видео) Кадиров објави грозоморно видео: „Сонувам да умрам… И јас и моите деца“

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави ново видео, во кое ги повикува „сите муслимани и припадници на кавкаскиот народ да почнат света војна“ во Украина.
Тој порача и дека треба да ги испратат своите деца на бојното поле.
„Сонувам да умрам во оваа војна, и јас и моите деца“, вели Кадиров во видеото.
Kadyrov again has an aggravation of his mental disorders
This time Don Don calls on all Muslims and Caucasians, to go to a “holy war”. Don added that he “dreams of dying in this war, so that his children will die in this war too.”
Can someone already help him fulfill his dream? pic.twitter.com/jxqnPBny9f
— NEXTA (@nexta_tv) November 10, 2022
„Треба да се борите, да ги браните интересите на пророкот и на Куранот. Едноставно, треба да ги земеме европските земји додека не клекнат и не побараат прошка. Ова е света војна! Разбудете се, бидете муслимани, бидете мажи… Застанете против тие шакали, фашисти и сатанисти“, заклучува тој во видеото што го снимил удобно легнат на каучот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Хрватска го враќа задолжителниот воен рок

Хрватската влада денеска до тамошниот законодавен дом го испрати предлогот за измени на Законот за одбрана и Законот за служба во вооружените сили, со кои, меѓу другото, повторно се воведува задолжително основно воено оспособување.
Во образложението, премиерот Андреј Пленковиќ посочи дека Владата смета дека овие документи се неопходни, имајќи ги предвид значително променетите глобални безбедносни околности.
Тој потсети дека Хрватска од 2008 година има суспендирана одлука за задолжителна воена служба и дека со овие измени ќе се создадат предуслови младите генерации да стекнат потребни вештини, што ќе ја зајакне силата на Хрватската војска.
Фото: ЕПА
Свет
ЕУ објави 2,3 милијарди евра помош за обнова на Украина

Европската комисија денес објави 2,3 милијарди евра поддршка за Украина за да ѝ помогне да се обнови од штетите предизвикани од руската инвазија. Средствата вклучуваат 1,8 милијарда евра гаранции за кредити и 580 милиони евра грантови од меѓународни и билатерални јавни финансиски институции, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на конференција во Рим за плановите за обнова на Украина.
Вкупниот износ од 2,3 милијарди евра е дел од инвестициската рамка за Украина. Фон дер Лајен рече дека се очекува рамката да мобилизира до 10 милијарди евра инвестиции во Украина.
Шефицата на ЕК исто така најави формирање нов фонд за обнова на Украина, поддржан од Европската инвестициска банка, Франција, Германија, Италија и од Полска. Со почетен капитал од 220 милиони евра фондот има цел да мобилизира 500 милиони евра до 2026 година, соопшти Комисијата.
Свет
Заменик-рускиот министер: Администрацијата на Трамп е контрадикторна

Заменик-министерот за надворешни работи, Сергеј Рјабков, денес изјави дека контрадикторните постапки и зборови на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја отежнуваат работата, иако Москва е посветена на подобрување на односите со Вашингтон.
„Администрацијата на Трамп е многу контрадикторна во своите постапки и изјави. Ова не ја олеснува работата“, изјави Сергеј Рјабков, цитиран од државната новинска агенција ТАСС.
„Сепак, ние упорно и доследно го следиме правецот кон нормализација на нашите односи“, додаде тој.
Рјабков рече дека Русија знае како да се спротивстави на какви било можни дополнителни санкции од Вашингтон, објави новинската агенција „Интерфакс“.
„Знаеме како да се спротивставиме на санкциите. Можеме да видиме дека развивме алатки и шеми во последните години. Ова во голема мера задоволува одредени мерки преку замена“, рече Рјабков.