Свет
(Видео) Кадиров: Способни се сè да направат пепел

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, зборувајќи за ситуацијата на фронтот на каналот „Телеграм“, нагласи колку е важна улогата на артилеријата во конфликтот.
„Понатамошното напредување на војниците во голема мера зависи од работата на артилеријата. Тие се одговорни за уништување на непријателските утврдени области, воена опрема, самоодни пушки и многу повеќе. За среќа, артилериците од редовите на борците на специјалните сили АХМАТ и воениот персонал на Вториот армиски корпус на Народната милиција – ЛНР имаат исклучително искуство и одлични вештини, благодарение на што можат да го претворат во пепел местото каде што пред една минута имаше непријателска структура.
⠀
Со сигурност може да се претпостави дека при офанзивните дејства на сојузничките сили артилериците се тие кои предизвикуваат вистински страв и ужас во редовите на украинските националисти и членките на НАТО. Тоа сугерира дека непријателот многу добро знае за што се способни нашите момци, кои располагаат со приближни координати на непријателот“, рече Кадиров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: „Разговарав со Биби, ние сме на иста страна по секое прашање“

Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и оцени дека САД и Израел се „на иста страна“.
„Тукушто разговарав со премиерот на Израел, Биби Нетанјаху, во врска со голем број теми, вклучувајќи ја трговијата, Иран итн. Разговорот помина многу добро. На иста страна сме по секое прашање“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.
Претходно, израелските медиуми објавија дека Трамп ќе разговара со израелскиот премиер за договорот за заложниците во Газа, како и за нуклеарните преговори со Иран, според два извори запознаени со ова прашање.
Разговорите меѓу лидерите доаѓаат неколку дена по втората рунда разговори за нуклеарниот договор меѓу САД и Иран во Рим и откако преговорите за договор со милитантната група Хамас за заложниците дојдоа во ќорсокак.
Свет
Кинескиот претседател: Царините ѝ штетат на мултилатералната трговија

Кинескиот лидер Шји Џјинпинг денес изјави дека царините и „штетат“ на мултилатералната трговија, според кинеските државни медиуми.
Тој го изјави ова на средба со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, кој е во официјална посета на Пекинг.
„Царините му штетат на мултилатералниот трговски систем и го дестабилизираат светскиот економски поредок“, рече Шји.
Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 145 проценти за повеќето производи што пристигнуваат од Кина, а Кина возврати со воведување на свои царини од 125 проценти за американските производи.
Алиев е во Пекинг со цел да постави нов курс за билатералните односи, според кинеските државни медиуми.
Односите со Азербејџан, кој се наоѓа на раскрсницата меѓу Азија и Европа, се важни за Пекинг, особено како дел од иницијативата „Еден појас, еден пат“, која има за цел да го зајакне влијанието на Кина во светот.
Џјинпинг денес изјави дека двете земји одржуваат блиски врски „и покрај меѓународната ситуација која постојано се менува“.
Свет
Откажани мировните преговори за Украина

Мировните преговори за Украина, кои беа закажани за денеска во Лондон, а требаше да ги води британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, се одложени, соопшти британското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се наведува дека состанокот за мировните преговори за Украина со министрите за надворешни работи закажан за денеска (среда) е одложен.
Во исто време, се додава дека разговорите на официјално ниво ќе продолжат зад затворени врати, без присуство на медиумите, пренесува The Guardian.
Дипломати од Велика Британија, Франција, Германија, Украина и САД денеска требаше да одржат нова рунда разговори во Лондон со цел постигнување прекин на огнот во тригодишната војна меѓу Украина и Русија. Меѓутоа, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли предлогот на САД за признавање на анектираниот Крим како дел од Русија, министерот за надворешни работи на САД го откажа своето патување во Лондон.
По него учеството на денешната рунда дијалог го откажаа и други врвни дипломати кои во Лондон испратија пониски функционери.
Претходната рунда мировни преговори за Украина се одржа во Париз, а на неа присуствуваа претставници на САД, Франција, Велика Британија, Германија и Украина.