Европа
(Видео) Како Путин го прослави Божик за време на пандемија

Рускиот претседател Владимир Путин им го честита Божик на граѓаните на Русија.
„Овој прекрасен празник го осветлува светот со светлината на добрината и љубовта, им дава радост и надеж на милиони луѓе, насочувајќи ги кон трајни духовни вредности“, се вели во честитката.
Шефот на руската држава истакна дека Руската православна црква и другите христијански организации постојано посветуваат внимание на прашањата за моралното здравје на општеството, зајакнувањето на семејството како институција и едукација на помладите генерации, а исто така искрено се грижат за одржување на меѓуетнички и меѓурелигиски дијалог.
Путин неожиданно пообщался с прессой, но про протесты в США ничего не сказал pic.twitter.com/PcU0rC9EUQ
— Кремлевский пул РИА (@Kremlinpool_RIA) January 6, 2021
„Овој одличен, повеќеслоен труд заслужува најдлабока почит“, рече Путин.
Тој им посака успех, просперитет и исполнување на желбите на сите кои го слават празникот Христово раѓање.
Рускиот лидер го прослави Божик во областа на Новгород во црквата Свети Никола во Липно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Полска пронајде докази за подметнатиот пожар во трговскиот центар во Варшава, го затвори рускиот конзулат; Русија бесна

Полска ќе го затвори рускиот конзулат во Краков откога пронајде докази дека Москва е одговорна за големиот пожар, кој речиси целосно уништи трговски центар во Варшава во мај 2024 година, изјави денес полскиот министер за надворешни работи.
❗🔥🇵🇱 – A huge fire hit the “Marywilska 44” shopping center in Warsaw, consuming almost all of its 1,400 commercial units, including kiosks.
The shopping mall, one of the largest in the city, belonged to Mirbud and is practically destroyed.
Authorities are fighting the fire,… pic.twitter.com/7Z34ZGyBzQ
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) May 12, 2024
Веќе напнатите односи меѓу Варшава и Москва достигнаа нови височини со руската инвазија на Украина во 2022 година. Полска тврди дека нејзината улога како еден од најважните бедеми на Киев ја направила цел на руски саботажи, сајбер-напади и дезинформациски кампањи, што Москва го негира.
Вчера, премиерот Доналд Туск изјави дека Полска со сигурност знаела дека руските тајни служби стојат зад големиот пожар на улицата Меривилска во главниот град.
„Поради доказите дека руските специјални служби извршиле неприфатлив чин на саботажа против трговскиот центар на улицата Меривилска, решив да ја повлечам мојата согласност за работа на Конзулатот на Руската Федерација во Краков“, напиша министерот за надворешни работи, Радослав Сикорски на „Икс“.
Како одговор, руското Министерство за надворешни работи објави дека Полска намерно ги прекинува врските со Москва, објави државната новинска агенција РИА.
„Варшава продолжува намерно да ги уништува односите дејствувајќи против интересите на своите граѓани“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, цитирана од државната новинска агенција РИА. Таа додаде дека Русија набргу ќе даде соодветен одговор.
Европа
Русите лансираа 108 дрона врз Украина

Русија лансира 108 дрона во Украина преку ноќ и погоди цивилен товарен воз повредувајќи го машиновозачот, соопштија украинските власти, откога европските лидери му се придружија на претседателот Володимир Зеленски во повикот за 30-дневен прекин на огнот од понеделник.
Украинската воздушна одбрана уништи 55 беспилотни летала лансирани од Русија од 23 часот во неделата, соопштија украинските воздухопловни сили преку апликацијата за пораки „Телеграм“. Во нападот беа вклучени и 30 дрона, кои беа изгубени по патот не погодувајќи ништо. Беспилотните летала беа соборени во источниот, северниот, јужниот и во централниот дел на Украина, соопштија воздухопловните сили.
Машиновозачот на цивилен товарен воз е повреден во напад со беспилотно летало врз железничката инфраструктура во источниот регион Донецк, соопштија украинските железници.
„Предлозите за прекин на огнот се игнорираат, непријателските напади врз железничката инфраструктура… продолжуваат“, соопштија украинските железници, „Укрзализница“ во објава на „Телеграм“. Рускиот претседател Владимир Путин ги нарече барањата за прекин на огнот ултиматуми и за возврат предложи директни разговори со Украина со цел да се стави крај на војната в четврток, иницијатива прифатена од американскиот претседател Доналд Трамп.
Европа
Курдските паравоени групи се распуштаат: „Го завршуваме вооружениот бунт во Турција“

Милитантната група Курдистанска работничка партија (ПКК), која е во конфликт со турската држава повеќе од четири децении, одлучи да се распушти и да ја прекине вооружената борба, објави новинска агенција блиска до групата.
Одлуката на ПКК ќе има далекусежни политички и безбедносни последици за регионот, вклучително и за соседна Сирија, каде што курдските сили се сојузници на американските сили.
Новинската агенција „Фират“ објави, како што ја нарече, конечна декларација од конгресот што ПКК го одржа минатата недела во северен Ирак, како одговор на повикот во февруари од затворениот курдски лидер Абдула Оџалан за нејзино распуштање.
Канцеларијата на турскиот претседател Таип Ердоган и Министерството за надворешни работи сè уште не го коментираа соопштението. Повеќе од 40.000 луѓе се убиени во конфликтот откако ПКК започна бунт во 1984 година. Турција и нејзините западни сојузници ја означија ПКК за терористичка група.