Свет
„Кантас“ ќе прима само патници вакцинирани на Ковид-19 на меѓународните летови
Извршниот директор на австралиската авиокомпанија „Кантас ервејс“ изјави дека неговата компанија планира да бара сите меѓународни патници да бидат вакцинирани против Ковид-19 пред да се качат на нивните летови и предвиде дека слични политики ќе има во целиот свет, пренесува РТ.
Во телевизиско интервју за австралиската програма „Карент аферс“, Алан Џојс објасни дека вакцината против коронавирус можеби нема да биде потребна за домашните летови, но дека ќе биде неопходна за меѓународните летови.
„Сакаме да ги смениме условите и одредбите за меѓународните патници, ќе бараме луѓето да се вакцинираат пред да може да се качат во авионот. Задолжителната вакцинација, најверојатно, ќе стане нова реалност за меѓународните патници во светот“, додаде Џојс.
#BREAKING: QANTAS CEO confirms that proof that you've been vaccinated for COVID-19 will be compulsory for international air travel onboard his aircraft. #9ACA pic.twitter.com/dhk3Hsnxn9
— A Current Affair (@ACurrentAffair9) November 23, 2020
Тој рече дека „Кантас“ веќе почнал да утврдува дали е потребно да се воведе двонеделен карантин на патниците што пристигнуваат во Австралија. Тој додаде дека веќе ги тестираат и отпадните води на своите авиони на Ковид-19 како дополнителна мерка на претпазливост.
Џојс претходно предупреди дека патувањето со авион нема да се врати на нивото пред пандемијата сè додека вакцината против коронавирус не биде масовно достапна. Во октомври тој предупреди дека „Кантас“ ќе продолжи со летовите кон Велика Британија и САД, дури кога вакцината ќе се појави на пазарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.