Свет
(Видео) Капитол Хил под опсада: сите седници откажани поради страв од нов бунт
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ја откажа седницата планирана за денес по предупредувањето на полицијата во Капитол Хил дека во зградата може да упаднат екстремисти.
Претставничкиот дом требаше да расправа за предлог-законот за полициска реформа, но еден од членовите на тоа тело рече дека полициското предупредување, засновано на разузнавачки податоци, претставува голем ризик и затоа плановите биле променети, наведува „Гласот на Америка“.
Властите велат дека екстремистите што планирале да го нападнат Конгресот припаѓаат на група поддржувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп, кој упадна во Конгресот на 6 јануари за да спречи потврда за победата на Џо Бајден на претседателските избори. Полицијата во Капитол ја нарече групата екстремисти кои планираа упад „неидентификувана милитантна група“.
Во полициското соопштение се наведува дека се воведени значителни промени и зголемени безбедносни мерки во Капитол, каде што се наоѓаат Претставничкиот дом и Сенатот. Не е познато дали овие промени се воведени поради последната закана или дали станува збор за мерките за кои станува збор по немирите на 6 јануари.
Во теориите на заговор на десницата 4 март се спомнува како ден кога Трамп, инаку поразен на изборите на 3 ноември, требаше да даде заклетва за втор мандат. Тоа беше денот на претседателските инаугурации сè до 1933 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Борел: Одлуките на Меѓународниот кривичен суд мора да се почитуваат
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност во заминување, Жозеп Борел, денеска ги повика сите земји членки на ЕУ да ги почитуваат одлуките на Меѓународниот кривичен суд (МКС), вклучително и налогот за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Не можеме да го поткопаме Меѓународниот кривичен суд. Тоа е единствениот начин да има правда на глобално ниво“, рече Борел, чиј мандат завршува овој месец, по што Каја Калас ќе ја преземе функцијата шеф на европската дипломатија.
Борел додаде дека одлуките на Меѓународниот кривичен суд не се политички, туку дека тој е правно тело формирано од угледни луѓе, кои се најдобри во професијата судии, пренесува „Ројтерс“.
Свет
Германските компании сè повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата
Германските компании вработуваат помалку нов персонал и сè повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата, се вели во извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен за ноември.
Показателот што ја мери подготвеноста на германските компании да вработуваат падна од 93,6 поени во октомври на 93,4 поени.
Особено тешка состојба владее во германското производство, каде што поради падот на нарачките, се намалува и потребата од работници, а слична состојба владее и во трговијата.
Свет
Четири лица загинаа, меѓу кои и две деца, во бродска несреќа во близина на Самос
Четири лица, меѓу кои и две деца, загинаа кога брод со мигранти удри во карпи и заринка на грчкиот остров Самос, соопштија официјални лица.
Спасени се 16 луѓе, а бројот на патниците на бродот сè уште не е познат, пренесе АП.
Грчката крајбрежна стража почна спасувачка операција користејќи патролни чамци, чамци за спасување и тимови на брегот за потрага по можни исчезнати патници.