Свет
(Видео) Кина за пет дена изгради нова болница за заразени со ковид
Кинеските власти ја продолжија изградбата на привремени болници за заразените со новиот коронавирус и во последните пет дена формираа специјализирана медицинска установа со 1.500 соби во северниот дел на земјата, објави „Синхуа“.
Болницата се наоѓа во градот Нангонг.
Во наредните денови, владата планира да изгради уште шест слични болници со околу 6.500 соби.
【24小時不間斷施工!空中俯瞰石家莊集中隔離點】從1月13日開始,河北省石家莊市開始建設黃莊公寓隔離點,用於新冠肺炎確診病例密切接觸者和次密切接觸者的集中隔離。1月15日,記者用無人機航拍施工現場。混凝土基礎澆築、吊車作業、集成房屋拼裝,整個施工現場正24小時不間斷加緊施工。 pic.twitter.com/5dgszp2jEN
— 中國新聞社 (@CNS1952) January 15, 2021
Површината на една стандардна просторија е 18 квадратни метри. Има вентилација и греење, посебна бања и пристап до Интернет.
Според официјалните податоци, во провинцијата Хебеј има зголемување на заразата со коронавирус во последните две недели.
Во моментов, околу 850 заразени лица се хоспитализирани во регионот – околу 650 пациенти со кашлица и треска и околу 200 асимптоматски носители на вирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека земјите-членки на новоформираниот Одбор за мир на првиот состанок в четврток же издвојат повеќе од пет милијарди долари помош за обнова на Појасот Газа.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава.
Тој наведе и дека првиот „формален состанок на групата“, ќе се одржи во Институтот за мир „Доналд Џ. Трамп“, кој Стејт департментот неодамна го преименува по претседателот.
Се очекува да присуствуваат делегации од повеќе од 20 земји, како и шефови на држави.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.

