Свет
(Видео) Кинез киднапиран како дете, по 32 години си ги пронајде биолошките родители

Кинез кој бил киднапиран кога имал 2 години, 32 години подоцна со помош на полицијата ги пронајде своите биолошки родители.
Мао Јин во 1988 година имал две години кога го киднапирале пред хотел во градот Ксиан, соопшти локалната полиција. Момчето било продадено на еден брачен пар без деца во соседната покраина Сечуан, кои го одгледале како сопствено дето.
Тој вчера конечно ги сретна своите биолошки родители. Неговата мајка Ли Јингжи, на државната телевизија ЦЦТВ раскажа дека по исчезнувањето на нејзиниот син таа го напутила своето работно место и безуспешно поделила над 100.000 флаери за неговото киднапирање.
Во април годинава, полицијата добила повик дека еден маж во Сечуан, за време на 1980-те години купил дете. Преку техника за препознавање на лица, негови стари фотографии од малиот Мао Јин биле споредени со националната база на податоци со фотографии и лични документи.
Тие влегле во трага на Мао Јин во Сечуан, каде тој водел продавница за внатрешно уредување. Со ДНК тест е потврдено дека е киднапираното дете. Пораснал без да знае дека бил киднапиран и сега веќе не сака да ги напушти своите биолошки родители, со нив сака да живее.
Последните десет години кинеската полиција помогнала 6300 киднапирани деца да си ги пронајдат биолошките родители, со помош на ДНК тестови, пренесе новинската агенција „Нова Кина“.
Киднапирањето на деца во Кина беа честа појава во текот на 1980-те години, кога се спроведуваше политика на едно дете по семејство и кога порасна побарувачката за машки деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Убиецот на Кирк го признал злосторството пред својот татко, но не сакал да се предаде

Откако американските власти ги објавиле фотографиите од лицето кое било барано за убиството на политичкиот активист, Чарли Кирк, таткото на Тајлер Робинсон го препознал својот син и се соочил со него, пренесува „Си-би-ес њуз“ повикувајќи се на извори од федералните полициски агенции.
Според истите извори, Робинсон пред својот татко признал дека тој е лицето од фотографиите. Таткото го убедувал да се предаде, но младиот човек одбил, заканувајќи се дека попрво би си го одзел животот одошто да заврши зад решетки.
Во драматичната ситуација, таткото побарал помош од семеен пријател – свештеник за млади, кој воедно е и судски службеник за обезбедување. Свештеникот на крај ја повикал американската полиција, која го привела Робинсон и го држела на безбедно до пристигнувањето на агентите на ФБИ. Младиот човек потоа бил предаден во притвор.
Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.