Европа
(Видео) Кучиња случајно пронашле момче заробено две години во орман на педофил

Германската полиција го пронашла момчето Марвин К. (15), чие исчезнување било пријавено пред две години во орманот на маж осомничен за дистрибуција на детска порнографија.
Тој бил пронајден во стан во Реклингхаузен, 100-ина километри северно од Келн, додека полицијата го претресувала станот во потрага по фотографии и други докази за злоупотреба на деца.
Тој бил пронајден од кучиња и веднаш бил одведен во болница, каде што била утврдена неговата психичка состојба.
Сопственикот на станот, Лар Х. (44), бил приведен во притвор под сомнение дека сторил сериозни сексуални злосторства. Таму живеел и 77-годишен човек, кој бил испрашан и потоа ослободен.
Соседите велат дека никогаш не го виделе тинејџерот, но повремено ги слушале вресоците на човекот.
Иако полицијата соопштила дека нема докази дека Марвин го држеле против своја волја, јасно е дека тој веќе подолго време бил во станот.
Сè уште не се познати сите околности на неговото исчезнување, но во тоа време, во 2017 година, тој живеел во прифатилиште поради семејна криза.
Во текот на летото истата година 13-годишникот исчезнал без трага, воопшто не се збогувал со хранителите. Социјалните работници го пријавиле неговото исчезнување, но сè до тогаш за него не се слушнало ништо.
Неговата мајка Мануела рекла дека одвај го препознала и дека изгледал како скршен старец. Тој сè уште бил во облеката во која исчезнал, тврди таа.
Германските медиуми јавуваат дека тој ѝ рекол на својата мајка оти две и пол години бил затворен и дека тие не му дозволиле да излезе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Путин: Мојата внука течно зборува кинески

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека неговата внука течно зборува кинески бидејќи нејзината дадилка е од Пекинг. Путин се обидуваше да ги нагласи блиските врски меѓу Москва и Пекинг.
„Споменав дека некои од моите блиски роднини учат кинески, мислев на мојата внука, чија дадилка е од Пекинг. Таа течно зборува кинески со неа“, рече Путин за време на состанокот со странски новинари во Санкт Петербург.
„Русите покажуваат зголемен интерес за учење кинески јазик како што се продлабочуваат економските врски меѓу двете земји. Годишната трговија достигнува 240 милијарди долари“, истакна тој.
Забелешката на Путин понуди редок поглед во личниот живот на рускиот претседател и ги илустрираше блиските врски меѓу двете земји.
Кина не се придружи на меѓународните санкции што ја погодија Русија по нејзината инвазија на Украина во 2022 година, туку се позиционираше како клучен трговски партнер.
Европа
Зеленски назначи нов командант на копнените сили

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи Генадиј Шаповалов за нов командант на Копнените сили, откако неговиот претходник поднесе оставка поради рускиот напад на полигон за обука.
Шаповалов, чие назначување беше објавено со претседателски декрет, претходно беше офицер за врска во координативниот центар на НАТО во Германија.
Претходно ги водеше силите на Оперативната команда „Југ“.
Шаповалов го заменува Михаило Драпатиј на функцијата врховен командант на Копнените сили, кој поднесе оставка овој месец поради смртоносен напад на полигон за обука во југоисточна Украина.
Зеленски го премести Драпатиј на функцијата командант на здружените сили како дел од воената реконструкција.
Европа
Шпанскиот премиер му пиша на шефот на НАТО: не сака да троши 5 проценти од БДП за одбрана

Шпанскиот премиер Педро Санчез побара од НАТО да го исклучи од својата цел за зголемување на трошоците за одбрана на 5 проценти од БДП, според писмото испратено до генералниот секретар на алијансата, Марк Руте, во кое Ројтерс имал увид.
Санчез побара „пофлексибилна формула“ што или ќе го направи постигнувањето на целта доброволно или ќе ја ослободи Шпанија од неа.
„Посветувањето на целта од 5 проценти не само што би било неразумно, туку и контрапродуктивно, бидејќи дополнително би ја оддалечило Шпанија од оптимално трошење и би ги нарушило сегашните напори на Европската унија за зајакнување на нејзината безбедност и одбрана“, напиша Санчез во писмото.
Тој додаде дека новата цел, предложена од САД, е „некомпатибилна со шпанската држава на благосостојба и шпанскиот поглед на светот“. „Мадрид проценува дека ќе треба да потроши 2,1 процент од својот БДП за да ги задоволи воените потреби на Шпанија“, рече Санчез.