Свет
(Видео) Лавата на Канарските Острови стигна до океанот, жителите мора да се евакуираат
Лавата што еруптира од вулканот на шпанскиот остров Ла Палма стигна до Атлантскиот Океан и се стравува дека тоа ќе доведе до ослободување отровни гасови и експлозии.
Големи облаци од бела пареа се издигнаа над областа Плаја Нуева, а лавата дојде до океанот.
Според експертите, ова може да доведе до хемиска реакција, која вклучува хлор, кој може да предизвика иритација на кожата и очите и да влијае на дишењето.
Засега нема информации за повредени.
Официјални лица предупредуваат дека лавата во океанот може да предизвика експлозии и да испушти отровни гасови.
Службата за вонредни состојби на Канарските Острови апелира до граѓаните итно да најдат безбедно место што може да послужи како засолниште.
Red hot lava from a volcano on the Spanish island of La Palma reaches the Atlantic Ocean https://t.co/pbbubhPYVb pic.twitter.com/NVwg0k6e8i
— Reuters (@Reuters) September 29, 2021
Некои исто така стравуваат дека брегот може да се сруши, што може да предизвика експлозии.
Стотици куќи се уништени од ерупцијата на вулканот Камбре Виеја на 19 септември.
Речиси 6.000 луѓе беа евакуирани, а домови, училишта и некои плантажи со банани беа уништени од лавата.
Вчера, шпанската влада го прогласи островот Ла Палма, кој беше погоден од вулканска ерупција, како зона на катастрофа, што е потег што ќе предизвика итни субвенции и други мерки за поддршка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

