Свет
(Видео) Лукашенко на колена пред народот – побара помош за спас на државата
Белорусија ќе пропадне ако се согласиме да има повторување на претседателските избори, порача претседателот Александар Лукашенко, на денешниот митинг пред своите приврзаници во Минск.
„ Раководството на НАТО не повикува да одржиме нови избори. Ако тоа го прифатиме, ќе пропаднеме како држава“ истакна Лукашенко.
Тој смета дека изборите биле валидни, бидејќи, според него, не може да се фалсификуваат 80 проценти од поддршката. Лукашенко им се заблагодари на сите што дошле на митингот, додавајќи дека не сака митинзи, но дека морал да го повика народот на помош.
Тој потсети дека во неговото време Белорусите првпат во историјата изградиле независна држава и додаде: „ Ако Белорусите сакаат реформи, утре ќе ги започнеме“.
Лукашенко клекна пред насобраните и им се заблагодари.
„Првпат во животот сум на колена пред вас. Вие тоа го заслуживте“ им порача на граѓаните.
Вчера, Лукашенко изјави дека се договорил со рускиот колега Владимир Путин, за давање помош во случај тоа да биде потребно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

