Свет
(Видео) Луѓето во Индија ги прскаат со белило за дезинфекција од коронавирусот
Индиската држава Утар Прадеш предизвика негодување во светот кога се појавија снимки на кои работниците бегалци, кои се враќаат во родните места поради затворањето на градовите, ги потопуваат во белило што се користи за чистење автобуси.
Оваа акција наводно имала цел дезинфекција од коронавирусот.
Видеото, гледано 400.000 пати по објавувањето од страна од новинарот на „Тајмс оф Индија“, прикажува група луѓе што седат на земја во градот Барели, а службениците на пожарникарската и медицинската служба во заштитни костими ги прскаат со хемиски раствор.
This video showing groups of migrant workers in India being sprayed with a chemical that was meant to disinfect buses from #coronavirus has sparked outrage. pic.twitter.com/SlHSGZZL9p
— Al Jazeera English (@AJEnglish) March 31, 2020
Во исто време преку мегафон надлежните ги предупредуваат работниците да ги затворат очите и устата. Окружниот судија на градот Барели рече дека снимките се испитуваат.
Милиони луѓе се вратиле во своите родни места во Индија по вонредната состојба и ставањето во карантин цели градови во таа земја. Полицискиот час се зема многу сериозно, па полицијата дури и тепа луѓе доколку се најдат на улица во тоа време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Лукашенко: „Орешник“ пристигна во Белорусија, подготвен е за напад
Белорускиот претседател Александар Лукашенко објави дека рускиот ракетен систем „Орешник“ пристигнал во Белорусија и веќе е ставен во борбена готовност. „Тој е тука од вчера и е ставен на борбена должност“, рече Лукашенко во својот говор, како што објави белоруската државна новинска агенција БелТА.
Објавата доаѓа само еден ден откако лидерот на Кремљ, Владимир Путин, изјави дека балистичкиот ракетен систем „Орешник“ ќе биде ставен на борбена должност до крајот на 2025 година.
Во говорот на 21 ноември, Путин индиректно ги потврди извештаите дека Русија користела ракета со среден дострел „Орешник“ за време на нападот врз градот Днепар истиот ден. САД подоцна официјално потврдија дека Русија го нападнала Днепар утрото на 21 ноември со балистичка ракета изведена од интерконтинентална балистичка ракета РС-26 Рубеж.
Украинските воздухопловни сили претходно објавија дека Русија користела интерконтинентална балистичка ракета за време на нападот, а извори на Украинска правда рекоа дека можеби станува збор за ракета „Рубеж“, потенцијален носач на нуклеарни боеви глави. На 22 ноември, Одбранбената разузнавачка служба на Украина (ДИУ) соопшти дека Русија лансирала балистичка ракета, веројатно од системот Кедр.
Кон крајот на ноември, Путин го објави почетокот на масовното производство на системот „Орешник“ и рече дека може да се користи за удар врз „центрите за донесување одлуки во Киев“.
Свет
„Драги нелегални имигранти, вратете се дома за празниците!“, порача американско министерство
Министерството за внатрешна безбедност на САД објави графика слична на божиќна честитка на X, повикувајќи на депортација на луѓе кои се во САД без регуларен статус.
„Драги нелегални имигранти, вратете се дома за празниците!“, пишува во статусот, со линк до официјалната веб-страница на Царинската и гранична заштита на САД.
Dear Illegal Aliens, fly home for the holidays! https://t.co/YGo3uuNvrE pic.twitter.com/quvV8gzla3
— Homeland Security (@DHSgov) December 18, 2025
Графиката прикажува воен транспортен авион на писта со новогодишни детали. „Сезона е на масовни депортации“, пишува на графиката.
Соопштението е дел од поширока комуникациска кампања на Министерството за внатрешна безбедност за промовирање построги имиграциски политики и охрабрување на луѓето во Соединетите Држави без регуларен статус доброволно да ја напуштат земјата.
Свет
Герасимов им се заканува на САД: Следат контрамерки
Русија ќе преземе контрамерки доколку САД одлучат да продолжат со нуклеарните тестови, предупреди висок руски воен командант. Изјавата на Валериј Герасимов доаѓа во време на зголемени тензии и неизвесност околу иднината на контролата на оружјето, со истекување на клучниот договор Нов СТАРТ на почетокот на следната година, објави руската државна новинска агенција Интерфакс.
Герасимов нагласи дека Вашингтон сè уште не одговорил на руските предлози за продолжување или замена на Нов СТАРТ – договор дизајниран да ги ограничи стратешките нуклеарни арсенали на двете сили. Сегашниот договор истекува на 5 февруари 2026 година, оставајќи малку време за преговори.
„Доколку американската страна продолжи со овие тестови, ќе следат соодветни контрамерки“, рече Герасимов, јасно ставајќи до знаење дека Москва е подготвена да одговори на какви било потези на Вашингтон што ги смета за закана.

