Европа
(Видео) Маж со меч нападна полицаец во Манчестер

Еден полицаец е тешко повреден во напад со меч во Манчестер, јавија британските медиуми.
Полицијата уапси дваесет и тригодишен маж по нападот, што се случи попладнево во населбата Вали Рејнџ.
На видео снимката што е објавена на сајтот „Манчестер ивнинг њуз“, се гледа дека полицајците успеваат да го совладаат напаѓачот, кој за сето тоа време продолжува да замавнува со мечот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Зеленски: Имаме решение за руските дронови, подготвени сме да го споделиме со НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја нагласи важноста на дроновите во одбраната на неговата земја од руска инвазија, истовремено нудејќи поддршка на НАТО во одвраќањето на руските беспилотни летала.
„Најефикасните санкции, санкциите што се најбрзи, се пожари во руските рафинерии за нафта, на нивните терминали и на складиштата за нафта“, рече тој во своето вечерно обраќање, осврнувајќи се на серијата украински напади со беспилотни летала насочени кон рускиот нафтен сектор. Тој рече дека нападите биле болни за Москва и дека ќе влијаат и на воените напори на Русија. Нападите „значително ја ограничиле руската нафтена индустрија, а тоа значително ја ограничува војната“, рече Зеленски.
Today I want to especially thank all our warriors who are inflicting truly significant losses on Russia. Losses at the front. Losses along the border. Losses on Russia’s own territory thanks to our long-range strikes. The most effective sanctions – the ones that work the fastest… pic.twitter.com/tOdd6xkqqD
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) September 14, 2025
Украина во ноќта кон неделата нападна една од најголемите руски рафинерии во градот Кириши, 110 километри југоисточно од Санкт Петербург. Пред официјалната потврда за нападот, на социјалните мрежи веќе почнаа да кружат слики и видеа на кои се гледаат големи пламени над рафинеријата.
Зеленски рече дека Украина е подготвена да го сподели своето искуство во одбивањето на нападите од руските беспилотни летала со НАТО, наведувајќи го неодамнешното навлегување на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор пред неколку дена и неодамнешниот инцидент со руски беспилотен авион над Романија.
„Подготвени сме да ги обучиме сите партнери во оваа одбрана“, рече Зеленски. „Сите гледаат дека Русите бараат начини да ја прошират војната на територијата на Полска и балтичките држави, а руската војска ја тестира и Романија.“
Иако НАТО има ефикасно одбранбено оружје, тој рече дека Украина развила „многу поекономични, помасовни и систематски решенија“.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Голем протест во Анкара: „Се случува државен удар против идниот претседател“

Десетици илјади луѓе протестираа вчера во турската престолнина Анкара против судскиот случај што може да доведе до отстранување на лидерот на главната опозициска партија од функцијата денеска, по едногодишна правна битка меѓу владата и стотици нејзини членови. Снимките покажаа толпи како бараат оставка од претседателот Таип Ердоган, мавтајќи со турски знамиња и партиски транспаренти.
Судската одлука за поништување на конгресот на Републиканската народна партија (ЦХП) во 2023 година поради наводни процедурални неправилности може да ја преобликува партијата, да ги потресе финансиските пазари и да влијае на текот на општите избори закажани за 2028 година. Судот може и да ја одложи пресудата.
Лидерот на ЦХП, Озгур Озел, на митингот изјави дека владата сака да ја задржи власта, поткопувајќи ги демократските норми и потиснувајќи ги политичките противници откако опозициските партии победија на локалните избори минатата година. Озел повика на предвремени општи избори.
„Ова е политички случај. Обвинувањата се клевета. Она што се случува е државен удар – државен удар против идниот претседател, против идната влада. Ќе се спротивставиме, ќе се спротивставиме, ќе се спротивставиме“, изјави Озел пред насобраните. Владата инсистира дека судството е независно и негира какви било политички мотиви.
Во изминатата година, Турција приведе повеќе од 500 лица, вклучувајќи 17 градоначалници, во Истанбул и други општини и градови управувани од Републиканската народна партија низ целата земја, како дел од истрагите за наводна корупција.
Стотици членови на ЦХП се во притвор во рамките на широка истрага за наводни врски со корупција и тероризам, вклучувајќи го и главниот противник на Ердоган, градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу. Апсењето на Имамоглу во март предизвика најголемите протести во земјата во последната деценија. Стотици илјади Турци излегоа на улиците, а турската лира падна.
фото: принтскрин
Европа
Лукашенко за мирот во Украина: Путин е подготвен, проблемот е кај Европејците и кај Зеленски

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги обвини лидерите на Европската Унија за попречување на мировните напори во Украина велејќи дека Русија е подготвена да ги почитува договорите постигнати со САД, но дека напредокот сега зависи од Киев и од неговите поддржувачи, објави РТ.
По средбата со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека конфликтот во Украина треба да се реши преку траен договор, а не преку привремено прекин на огнот. Сепак, според Москва, Киев „отворено покажува дека нема интерес за долгорочен мир“.
„Русија е подготвена да ги спроведе договорите постигнати со Американците. Веќе разговаравме за ова со претседателот Путин неколкупати. Проблемот е кај Европејците и кај Зеленски“, изјави вчера Лукашенко.
За време на состанокот со американскиот претставник Џон Коул претходно во текот на денот, Лукашенко нагласи дека ниеден американски лидер не вложил поголеми напори за да обезбеди мир во светот од Трамп.
„Сакам да му се заблагодарам на вашиот претседател за напорите што ги вложува за мир, првенствено во нашиот регион“, рече Лукашенко додавајќи дека Белорусија е подготвена „да застане покрај Трамп и да му помогне во оваа мисија“.
Белорускиот лидер посочи дека додека Вашингтон се залага за решавање на конфликтот, Брисел и Киев сè уште го посакуваат поразот на Русија на бојното поле инсистирајќи дека таквата цел е нереална и никогаш нема да се случи.
Лукашенко исто така ја критикува Полска за подгревање на тензиите како дивјаци откога Варшава ја обвини Русија за нарушување на нејзиниот воздушен простор со беспилотни летала претходно оваа недела.
Тој рече дека белоруските сили пресретнале дел од авионите и однапред ја предупредиле Полска за други, но за возврат добиле само хистерија, според RT.
Руските и белоруските претставници повеќепати го обвинија Брисел за поткопување на мировната иницијатива на Трамп со тоа што го туркаат Киев кон она што Москва го нарекува невозможни барања.
Москва, треба да се потсетиме, бара Украина да остане неутрална, да остане надвор од НАТО и другите воени сојузи, да се демилитаризира и денацифицира и да ја прифати сегашната територијална реалност – вклучувајќи го и статусот на Крим и другите региони.
фото: принтскрин