Свет
(Видео) Макрон на „ти“ со Путин: Двајцата претседатели зборуваа за иранскиот нуклеарен договор

Емануел Макрон, не го персира својот руски колега, Владимир Путин, а тоа може да се слушне и во видеото кое францускиот претседател го објави на Твитер.
En ligne avec Vladimir Poutine, pour un nouveau point ensemble. L’Iran ne doit jamais posséder l’arme nucléaire. La stabilité de la région et la sécurité internationale en dépendent. Nous y travaillons, comme nous devons aussi œuvrer pour une paix juste en Syrie. pic.twitter.com/3LJms46XIx
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) April 30, 2018
Краткиот клип е направен за време на летот на Макрон кон Австралија, каде што тој ја започна тридневната посета, а на него се слуша како францускиот претседател на рускиот колега му се обраќа со „ти“, забележуваат француските медиуми.
„Фала ти Владимире, што го прифати мојот телефонски повик. Сакав малку да зборувам со тебе, за нешто да анализираме“, му рече Макрон на Путин за време на разговорот.
Двајцата претседатели вчера застанаа во одбрана на нуклеарниот договор со Иран, но притоа Путин повика на строго спроведување на договорот, додека Макрон бара разговори за нов, проширен споразум, 13 дена пред одлуката на САД за тоа дали да ќе се повлече од договорот или не.
Објавеното видео беше проследено со кратка порака од францускиот претседател.
„Во разговор со Владимир Путин, поради нова заедничка анализа. Иран никогаш не смее да дојде во посед на нуклеарно оружје. Стабилноста на регионот и меѓународната безбедност зависи од тоа. Токму и на тоа работиме, како што мора да се работи и за мир во Сирија“, напишал Макрон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Убиецот на Кирк го признал злосторството пред својот татко, но не сакал да се предаде

Откако американските власти ги објавиле фотографиите од лицето кое било барано за убиството на политичкиот активист, Чарли Кирк, таткото на Тајлер Робинсон го препознал својот син и се соочил со него, пренесува „Си-би-ес њуз“ повикувајќи се на извори од федералните полициски агенции.
Според истите извори, Робинсон пред својот татко признал дека тој е лицето од фотографиите. Таткото го убедувал да се предаде, но младиот човек одбил, заканувајќи се дека попрво би си го одзел животот одошто да заврши зад решетки.
Во драматичната ситуација, таткото побарал помош од семеен пријател – свештеник за млади, кој воедно е и судски службеник за обезбедување. Свештеникот на крај ја повикал американската полиција, која го привела Робинсон и го држела на безбедно до пристигнувањето на агентите на ФБИ. Младиот човек потоа бил предаден во притвор.
Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.