Свет
(Видео) Масовна тепачка меѓу Руси и Роми, едно лице загина

Минатата недела во Русија избувна масовна тепачка меѓу Роми и Руси. Притоа едно лице почина од повреди на главата, а најмалку петмина други се сериозно повредени. Очевидци на инцидентот тврдат дека околу 150 луѓе биле вклучени во пресметката во која се тепале со тупаници, летви и шипки.
Како што пренесе Би-би-си, по тепачката десетици Роми побегнале од селото Чемодановка на југот од земјата. Високиот државен претставник Николај Москаленко соопшти дека 43 Роми го напуштиле селото. Руската агенција „РИА новости“ објави дека досега се уапсени 28 лица, од кои сите се Роми.
Москаленко кажа дека повеќето евакуирани се жени и деца и дека речиси 900 луѓе биле однесени во регионот Астрахан по должината на Каспиското Море.
Портпаролката на регионот Пенза, Дина Черемушкина, рече дека околу 130 ромски куќи биле испразнети. Во меѓувреме на „Јутјуб“ се појавија снимки што покажуваат дека некои куќи биле запалени.
Сè уште не е јасна причината за тепачката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Русија ја шири војната, Западот мора превентивно да делува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за проширување на војната по нарушувањето на воздушните простори на Полска и Романија.
„Русија точно знае каде летаат нејзините дронови – ова не е грешка на пониски команданти. Очигледно ja шират војната“, порача Зеленски на Телеграм, додавајќи дека тоа бара превентивно дејствување на Западот.
Тој повторно повика на заострување на санкциите и тарифите кон руската трговија и намалување на увозот на руска нафта. Зеленски го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за координирано дејствување и апелираше: „Не чекајте десетици дронови и проектили за да донесете одлуки. Престанете да барате изговори.“
Свет
(Видео) Напад со дрон предизвика пожар во втората најголема рафинерија во Русија

Во рафинеријата за нафта во Кириќи, на северозападот на Русија, изби пожар по пад на остатоци од соборен дрон, соопшти гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко.
Тој потврди дека пожарот е изгаснат и дека нема повредени.
Рафинеријата „Кинеф“ на Сургутнефтегаз во Кириќи е една од двете најголеми во Русија. Годишно преработува околу 17,7 милиони тони сурова нафта (околу 355.000 барели дневно), што претставува 6,4% од вкупното производство во земјата.
Russian Telegram channels report a large fire at the Novo-Ufimskiy oil refinery in Russian Ufa, after a drone attack. pic.twitter.com/jKTqW5ouQO
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 13, 2025
Свет
САД и Велика Британија ќе потпишат важен технолошки договор

Обединетото Кралство и САД во наредните денови ќе потпишат значаен технолошки договор во рамките на државната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон, соопшти британската амбасада во Вашингтон.
Договорот е насочен кон зајакнување на соработката во сектори како вештачка интелигенција, полупроводници, телекомуникации и квантно компјутерство, вредни трилиони долари.
Посетата на Трамп ќе трае три дена и ќе ја придружува делегација од водечки американски бизнис-лидери, меѓу кои директорите на Nvidia и OpenAI.
Според Sky News, инвестицискиот гигант BlackRock планира да вложи 700 милиони долари во британски дата-центри како дел од пакет договори што ќе бидат објавени за време на посетата.