Европа
(Видео) Мајката што ја продаваше невиноста на својата 13-годишна ќерка обвинета за трговија со луѓе

Ирина Гладикх е уапсена во Москва кога претходно на интернет објави дека ја продава невиноста на својата малолетна 13-годишна ќерка.
Жената заедно со својата ќерка отиде во Москва, каде што требаше да се сретне со еден богат човек, кој требало да ѝ даде пари во замена за сексуален однос со девојчето.
Мајката, која е од Русија, објави на интернет дека ја продава невиноста на својата 13-годишна ќерка и многу бргу по објавата се појавил потенцијален клиент, а таа со својата ќерка веднаш замина во Москва, пишуваат руските медиуми.
Невиноста на ќерка си таа планирала да ја продаде за 25.000 долари, објави РТ.
За среќа, како што пишуваат медиумите, овој обид на Ирина заврши лошо и за неа, но и за нејзината пријателка, кој тргнала на патувањето во Москва со Ирина. Двете жени биле уапсени додека ги земале пари од наводниот клиент.
Како што пишуваат руските медиуми, богатиот човек, кој требало да ја купи невиноста на девојката, всушност бил полицаец што работел на тајна задача. Ирина сега се соочува со 10-годишна затворска казна и е обвинета за трговија со луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин