Свет
(Видео) Мајка со деца моли за помош на покрив во потопен град во Украина – немаат вода, ни храна
Во окупираниот град Олешки во Херсонската област настанала критична ситуација откако, како што тврдат Украинците, Русите ја кренале во воздух браната „Нова Каховска“.
Целиот град е практично под вода, а многу луѓе чекаат помош.
На интернет се појави видео од жена со две деца, која седи на покривот на куќа без храна и вода и моли за помош.
Борците на една од артилериските бригади на Вооружените сили на Украина, која моментно ја брани Украина во јужниот правец, откриле жена со две деца на покривот на една од куќите во Олешки при лет на беспилотно летало.
Кога го виделе дронот, почнале очајно да сигнализираат дека им е потребна помош. На видеото снимено со беспилотно летало се гледа едно од двете деца од куќата. Во еден момент момчето почнува да плаче, жената исто така ги брише солзите со рака, пренесува „Обозревател.ком“.
Според армијата, жената и децата се без вода и храна околу еден ден. Украинската армија ги повикува оние што имаат можност да го однесат семејството на безбедно место.
На социјалните мрежи се шири воздушна снимка, која покажува дека украинскиот град е целосно под вода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

