Свет
(Видео) Моето име е Џо Бајден, јас сакам сладолед, рече американскиот претседател пред да заборува за масакрот во училиштето
Американскиот претседател Џо Бајден се пошегува дека се појавил во Белата куќа само затоа што слушнал дека ќе има сладолед. Всушност, тој го кажа ова непосредно пред да почне да зборува за ужасното масовно пукање, кое неколку часа претходно однесе шест животи во основното училиште во Нешвил.
„Моето име е Џо Бајден. Јас сум сопруг на д-р Џил Бајден. И сакам сладолед, со чоколадни парчиња. Дојдов тука затоа што слушнав дека има сладолед од чоколадо. Инаку, горе имам полн фрижидер“, рече претседателот на собирот на жени претприемачи.
Бајден потоа стана сериозен и се осврна на пукањето во училиштето „Ковенант“, во кое загинаа тројца ученици и тројца членови на персоналот, нарекувајќи го злосторството „болно“ и негов „најлош кошмар“ пред уште еднаш да го повика Конгресот да донесе забрана за оружје.
BREAKING: Outrage after President @JoeBiden said this at the start of his speech while children and adults were massacred in Nashville shooting, “My name is Joe Biden. I’m dr. Jill Biden’s husband. I like ice cream, chocolate chip. I came down because I heard there was chocolate… pic.twitter.com/Wa7nFApjMu
— Simon Ateba (@simonateba) March 27, 2023
На изненадување на присутните, Бајден се врати на темата за сладоледот, со уште еден повик до претставник на „Џенис“, синџир продавници со седиште во Охајо, со продавници во целата земја, вклучително и локација во близина на Белата куќа.
„Ако ми дозволат да те однесам горе, би ти го покажал целиот замрзнувач полн со сладолед од чоколадо“, продолжи Бајден.
Покрај тоа, Бајден се пошегува дека „прилично е досадно кога си јавна личност како него, а познат си по две работи: сладолед од чоколадо и очила за сонце „рејбан“.
Корисниците на „Твитер“ не го прифатија хуморот на Бајден, туку го критикуваа со оглед дека не е време за вакви шеги.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелска компанија: Претставник на крадеците од Лувр нè контактираше и ни понуди накит
Израелска безбедносна компанија соопшти дека ја контактирале крадците кои стојат зад кражбата на накитот од Лувр, нудејќи тајни преговори за продажба на украдените предмети преку „даркнет“.
Компанијата CGI Group тврди дека управата на Лувр ја игнорирала понудата, иако крадците доставиле очигледен доказ дека поседуваат дел од украдените драгоцености. Тие побарале десетици милиони евра за накитот, проценет на 88 милиони евра.
Извршниот директор на компанијата, Цвика Навех, изјави дека пет дена по кражбата (19 октомври) добиле шифрирана порака од лице кое тврдело дека ги претставува крадците: „Ни понудија преговори на даркнет за откуп на накитот, со рок од само 24 часа,“ рече Навех.
Според него, компанијата водела неколку шифрирани разговори со претставникот на крадците и добила индикации дека навистина поседуваат дел од предметите.
„Беа во бегство и морале брзо да се ослободат од пленот“, додаде тој.
Навех преку посредник се обидел да ја извести управата на Лувр, но вели дека тие шест дена не реагирале: „Го изгубивме кредибилитетот кај крадците, а Лувр ја пропушти вистинската шанса да го врати накитот. За жал, изгледа дека егоизмот и двоумењето ја одиграа својата улога.“
Тој потсетува дека уште пред неколку месеци во интервју за италијанскиот весник „Ил Темпо“ предупредил на дискусии на даркнет што упатувале на планови за грабеж во музејот.
Некои извештаи наведуваат дека CGI Group учествува во истрагата, но од Лувр негираат дека имале директен контакт со компанијата. Тие велат дека комуникацијата најверојатно се одвивала преку италијанската подружница, која можеби ја ангажирала осигурителна фирма поврзана со музејот.
Во кражбата крадците провалиле во една од најраскошните сали на Лувр и побегнале со кралски накит, меѓу кој се наоѓа смарагдно-дијамантска огрлица што Наполеон I ѝ ја подарил на својата сопруга Марија Лујза, како и тијара со 212 бисери и речиси 2.000 дијаманти што ѝ припаѓала на царицата Евгенија.
Досега се уапсени неколку лица, но украдениот накит сè уште не е пронајден.
Регион
Политико: Бугарија ја разгледува можноста да бара ослободување од санкциите на САД против „Лукоил“
Бугарија ја истражува можноста да побара ослободување од новите санкции на Соединетите Американски Држави против двете најголеми руски нафтени компании, Роснефт и Лукоил, објави Политико, пренесе бнр.бг.
Рафинеријата за нафта во Бургас, во сопственост на Лукоил, снабдува 80 отсто од горивото во земјата.
Според изданието, бугарската влада испратила барање до Вашингтон со цел да ја разбере можната реакција на американската администрација во случај на барање за ослободување од санкциите откако ќе стапат во сила на 21 ноември. Изданието се повикува на извори кои побарале анонимност.
Бугарските власти се загрижени за опасноста санкциите да доведат до затворање на рафинеријата во Бургас, што пак би можело да предизвика недостиг на гориво и последователни протести во земјата, коментира изданието.
Министерството за енергетика одби да даде коментар за Политико. Претседателската институција, исто така, не одговори.
Свет
Слаб одѕив на светските лидери за климатскиот самит во Бразил, САД без претставник
На климатскиот самит што следната недела ќе се одржи во бразилскиот град Белем, досега учество потврдиле 57 шефови на држави и влади, што е значително помал број во споредба со минатогодишниот COP29 во Азербејџан, на кој присуствуваа 75 лидери, јави Хина.
САД нема да испратат претставници поради повлекувањето од Парискиот договор, додека Кина ќе ја претставува потпретседателот Динг Сјуејсианг. Присуство потврдиле францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стармер, како и лидерите на Колумбија и Либерија.
Самитот, кој ќе се одржи на 6 и 7 ноември, е подготвителен настан пред конференцијата COP30 (10–21 ноември). Бразилскиот претседател Лула да Силва инсистираше конференцијата да се одржи во Амазонија, симболично нагласувајќи ја нејзината улога во борбата против климатските промени.
Организаторите наведуваат дека ограничениот хотелски капацитет и високите трошоци во Белем создаваат логистички предизвик за очекуваните 50.000 учесници.

