Свет
(Видео) Монструозните пожари израмнија цели населби во Лос Анџелес, сега се очекува засилен ветер

Пожарникарите во Лос Анџелес се подготвуваат за силни ветришта во текот на ноќта, налети кои би можеле да разгорат два монструозни шумски пожари кои веќе срамнија со земја цели населби, убиja најмалку 24 луѓе и изгореa област со големина на Вашингтон.
Сувите, опасни ветрови од Санта Ана синоќа достигнаа брзина од 48 до 80 км/ч, но се очекува црвеното предупредување да стапи на сила до полноќ, кога се очекуваат најсилните налети на ветерот, до 120 км/ч, изјави Дејвид Рот, метеоролог од Центарот за временска прогноза на Националната метеоролошка служба.
Повеќе од 8.500 пожарникари се борат со пожарите од воздух и од земја, спречувајќи ги да се шират на двата краја на Лос Анџелес во текот на ноќта. „Оваа ситуација е многу, многу лоша“, рече шефот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Кристин Кроули. „Сè уште не сме извлечени“.
Официјални лица рекоа дека државата однапред распоредува противпожарни екипи во ранливите области, не само во Лос Анџелес, туку и во други окрузи во Јужна Калифорнија, кои исто така се под зголемена опасност од пожар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Цените на туристичките пакет аранжманите во ЕУ во август годинава се зголемиле за 2,5 проценти

Просечните цени на туристичките пакет аранжманите во ЕУ во август годинава се зголемиле за 2,5 проценти споредено со истиот месец лани, информира Европската статистичка агенција – Евростат.
Кога станува збор за августовските домашни туристички аранжмани, тие поскапеле за 6,8 отсто на годишно ниво, а странските за 1,6 проценти.
За споредба, во мај годинава цените на туристичките пакет аранжмани пораснаа за 1,7 отсто во однос на истиот лански месец.
Ваквите податоци укажуваат на ублажување на растот на цените на туристичките аранжмани, имајќи предвид дека во 2024 година и првиот квартал од 2025, поскапувања на пакет понудите на годишно ниво под 7,0 отсто беа регистрирани само лани во јули и во март годинава.
По земји, најголем раст на цените на туристичките пакет аранжмани на годишно ниво минатиот месец е регистриран во Естонија за 39,5 отсто, по што следуваат Бугарија со 23 и Данска со поскапување од 12 проценти.
Намалување на августовските цени на туристичките аранжманите на годишно ниво се бележат во само три земји членки на ЕУ и тоа Белгија од 7,0, Шведска од 5,6 и Шпанија од 0,1 отсто.
Свет
Прекинати медицинските активности што спасуваат животи во Газа, безбедносната состојба е влошена

Израелската офанзива во градот Газа ги принуди „Лекари без граници“ да ги прекинат своите основни медицински активности во областа поради брзо влошената безбедносна ситуација, објави синоќа меѓународната хуманитарна организација на својата официјална веб-страница.
– Ескалирачките напади од страна на израелските сили создадоа неприфатливо ниво на ризик за нашиот персонал, принудувајќи нè да ги прекинеме медицинските активности што спасуваат животи, соопшти невладината организација, додавајќи дека израелските воздушни напади и напредните тенкови се на помалку од еден километар од нејзините здравствени установи.
Координатор за итни случаи на „Лекари без граници“ во Газа, Џејкоб Гренџер наведе дека организацијата нема избор освен да ги прекине активностите бидејќи нејзините клиники се опкружени со израелски сили“.
– Тоа е последното нешто што го сакавме, бидејќи потребите во градот Газа се огромни, а најранливите луѓе – новороденчиња во неонаталните одделенија, луѓе со сериозни повреди и болести опасни по живот не се во можност да се движат и се во голема опасност, додаде Гренџер.
На 16 септември, израелската војска почна голема офанзива врз градот Газа, со цел да го уништи последниот голем бастион на Хамас.
Свет
МРП вакцината не ја примајте во една доза, предупреди Трамп

Бремени жени, не користете „таленол“ освен ако не е апсолутно потребно, не давајте „таленол“ на вашето мало дете туку-така без никаква причина, поделете ја МРП вакцината (против морбили, заразни заушки и рубеола, н.з.) на три посебни вакцини, на три одделни дози (не сите заедно во една вакцина), земете ја вакцината против овчи сипаници одделно, против хепатитис Б после 12 годишна возраст и најважно, примете ги вакцините во пет посебни посети на медицинскиот тим. Претседател Доналд Трамп.
Ова го напиша американскиот претседател Доналд Трамп на Truth social. Предупредувањето е сериозно, и веројатно Трамо не би истрчал да го напише ако не е наполно убеден во тоа што го објави.
MРП вакцината е комбинација од три вакцини во една доза. Таа помага да се заштитите од мали сипаници, заушки и рубеола, три потенцијално сериозни вирусни заболувања. Здравствените работници препорачуваат две дози. Децата обично примаат една доза помеѓу 12 и 15 месеци, а друга помеѓу 4 и 6 години.
Трамп не вели да не се прима вакцината, туку само препорачува таа да се прими во три одделни дози, а не во еден микс од сите три вакцини. Зошто? Веројатно ќе следи објаснување од секретарот Кенеди бидејќи Трамп бргу ќе биде напднат од левичарските медиуми кои тој ги нарекува „fake news“’, па на нивните новинари дури не им дава збор на неговите прес конфереции, а сигурно ќе следи напад и од другите организации низ светот и пред се Европа на оваа тема.
Кај нас овие три вакцини се даваат во една доза.