Свет
(Видео) НАСА случајно објави аудиовежби на „Јутјуб“, луѓето мислеа дека астронаутот умира
Во средата НАСА случајно емитува симулација на криза на Меѓународната вселенска станица (ISS) откога астронаут страда од болест на декомпресија, што предизвика многу шпекулации на социјалните мрежи.
Каналот на НАСА на „Јутјуб“ емитува аудио во живо, што укажува дека член на екипажот боледува од болест на декомпресија, објави НАСА на официјалниот профил на ISS на пларформата „Икс“.
На видеото се слуша женски глас кој бара од членовите на екипажот „да го вратат командантот во костим“, да му го проверат пулсот и да го снабдат со кислород. Подоцна вели дека командантот има мали шанси да преживее.
По тоа, корисниците на социјалните мрежи почнаа да шират вести за кризата на ISS.
There is no emergency situation going on aboard the International Space Station. At approximately 5:28 p.m. CDT, audio was aired on the NASA livestream from a simulation audio channel on the ground indicating a crew member was experiencing effects related to decompression…
— International Space Station (@Space_Station) June 13, 2024
„Овој звук, поради ненамерна грешка, беше пренасочен од тековната симулација, во која членовите на екипажот и копнените тимови тренираат за разни сценарија во вселената. Тој не е поврзан со вистински итен случај“, објави ISS додавајќи дека нема итни ситуации.
Болеста на декомпресија, која се јавува кога меурчиња од азот или друг гас се формираат во крвта поради промена на атмосферскиот притисок, може да влијае на централниот нервен систем и е потенцијално фатална.
Членовите на екипажот на ISS спиеле во моментот на емитување на симулацијата, објави ISS.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

