Свет
(Видео) Најмалку 15 загинати и голем број исчезнати по силната ерупција на вулканот Семеру
Индонезискиот вулкан Семеру и денеска продолжи да исфрла големи количества пепел, неколку дена по силната ерупција, во која загинаа 15 лица, а потрагата по десетици исчезнати луѓе е отежната поради лошите временски услови.
Највисоката планина на островот Јава силно еруптира во саботата фрлајќи огромно количество пепел кон небото над околните села.
Бројот на загинати се искачи на 15, а 27 се водат како исчезнати, соопшти Индонезиската агенција за управување со катастрофи.
Houses and trucks covered by ash in Sumberwuluh village of Indonesia following a volcanic eruption from Mount Semeru that killed a least fourteen people. https://t.co/uWXFoepQjv
?: Firdaus Wajidi pic.twitter.com/RJ2DOJV46c
— Anadolu Images (@anadoluimages) December 6, 2021
Вулканот денеска повторно еруптира, потврди Индонезискиот центар за вулканологија и геологија на „Твитер“, предупредувајќи на континуирана сеизмичка активност.
„Семеру е еден од најактивните вулкани во Индонезија“, изјавил шефот на вулканската опсерваторија.
Некои загрижени жители се вратиле во своите домови за да ги прегледаат имотот и добитокот, а надлежните ги повикаа да бидат внимателни.
„Луѓето треба да бидат повнимателни бидејќи потенцијалната закана сè уште постои“, додаваат експертите.
Во областа Сумбервулух спасувачките тимови се мачеа со лошите временски услови додека се обидуваа да ги извлечат жртвите од урнатините.
Mt. Semeru, East Java, Indonesia, this afternoon pic.twitter.com/ln4sGtEMdj
— DARYONO BMKG (@DaryonoBMKG) December 4, 2021
„Баравме девет исчезнати лица во ова село и ги најдовме телата на три жртви“, рече Естијанто Хедријантоно, раководител на локалната потрага. Тој додаде дека дополнителен предизвик се заробените тела под трупци и камења, а земјата сѐ уште е врела.
Луѓето објавуваат фотографии од своите исчезнати роднини на „Фејсбук“ и бараат какви било информации за нив, пренесуваат агенциите.
Обезбедени се оброци и медицинска помош за повеќе од 1.700 евакуирани лица.
Тим за третман на траума беше испратен на терен за да им помогне на децата погодени од ерупцијата, а во областа се испратени пакети со помош, вклучувајќи ориз, ќебиња, облека и други основни потреби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите
Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.
За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.
Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.
Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.
Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.
Свет
Мигранти плаќале 18.000 евра за превоз преку Ла Манш, биле сексуално експлоатирани
Виетнамска криминална мрежа беше пресечена со акција на полициите на Франција и Англија, со поддршка на Европол.
Оваа група шверцувала мигранти преку Ла Манш и организирала нивна сексуална и трудова експлоатација како и перење пари.
Главниот организатор, идентификуван како десна рака на водачот на оваа банда, го организирал шверцот, додека друг нивни соучесник бил задолжен за собирање пари и организирање на транспортот на мигрантите, кои плаќале од 15.000 до 18.000 евра за превоз преку каналот , соопшти Европол.
На пат од Полска за Франција, некои од мигрантите шверцувале метамфетамин во парискиот регион, снабдувајќи ги азиските групи за шверц на дрога со седиште во областа во замена за намалена цена на патувањето.
Уапсени се 16 членови на оваа група и одземени се разновидна луксузна стока, 100.000 евра во кеш и уште 298.000 евра на банкарски сметки.