Свет
(Видео) Најмалку 48 лица загина, повеќе од 350 се повредени во Индонезија
Индонезиски власти објавија дека по двата катассрофални земјотреси и цунамито кое го погоди градот Пал на островот Сулавеси пронајдени се голем број тела. Иако индонезиските власти не ја соопштија точната бројка за загинати, според агенцијата „Ројтерс“ бројот на жртвите се искачил на 48.
Kondisi pantai di Kota Palu pascatsunami. Kerusakan cukup parah. Bangunan hancur dan rata tanah. Beberapa korban meninggal ditemukan akibat gempa dan diterjang tsunami. Evakuasi terus dilakukan. pic.twitter.com/hQdJCr6ioB
— Sutopo Purwo Nugroho (@Sutopo_PN) September 29, 2018
Властите соопштија дека и во текот на ова утрово продолжуваат силни последователни потреси во овој крајбрежен град кој живее од туризмот.
„Многу од телата се наоѓаат по должината на брегот по цунамито, но точниот број на жртвите се уште не се знае”, изјави портпаролот на индонезиската владина агенција за вонредни ситуации.
Тој додаде дека „загинаа најмалку 48, а повредени се повеќе од 350 луѓе”, но и дека „се очекува зголемување на бројот на жртвите”.
Our prayers are always with #Indonesia May Allah help all the brothers and sisters who are suffering because of #earthquake and #tsunami which happened few hours ago. #palu #donggala #prayfordonggala pic.twitter.com/gdVzzMZ6uF
— M.Abdulhakim Mahmout (@ahmahmout) September 28, 2018
„Ројтерс“ пишува дека од аматерски снимки, кои агенцијата истакнува дека не се знае дали тие се автентични, може да се види како брановите високи околу три метри уништуваат куќи по должината на крајбрежниот појас Пал, превртуваат бродски контејнери, и ја поплавија локалната џамија.
Doa kami selalu menyertai saudara di #DonggalaBerduka ? ? ? #PrayForDonggala#prayforpalu#PrayForSulawesi#PrayforMamuju#PrayForIndonesia pic.twitter.com/j6hy94RcY1
— Putra Erlangga ?? (@PutraErlangga__) September 28, 2018
Индонезиски власти се уште немаат информации од градот Донгала, кој беше поблиску до епицентарот на земјотресот, на 27 километри од него. Повеќе од 600.000 луѓе живеат во Донгала и Пал. Оваа област во текот на вчерапниот ден прво беше погодена од послаб земјотрес, при што загина еден човек и повредил најмалку десет лица, а по него следуваше катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала и цунамито.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

