Свет
(Видео) На пропалестински митинзи на БЛМ во САД повикуваат на „смрт за Израел, смрт за Америка“
На пропалестинските митинзи на „Блек лајвс медр“ во Њјорк и во Вашингтон се слушнаа скандирања кои повикуваат на „Смрт за Израел“, „Смрт за Америка“ и „Од Газа до Минесота, глобализирај ја Интифада!“, пренесува Истражувачкиот институт за блискоусточни медиуми (МЕМРИ).
Неколку стотици демонстранти присуствуваа на демонстрациите на 1 јули во Бруклин, наречени „Ден на бесот“, и организирани да се совпаднат со најраниот датум кога Израел би можел да ги почне своите планови за примена наизраелскиот закон врз делови од Западниот Брег и долината на Јордан.
Говорниците излегоа со потпалувачки повици кои одеа во спектарот од антисемитски и антиамерикански до едноставно апсурдни. Еден активист за Северна Кореја повика на крај на САД и нејзините марионетски влади, ослободување на Палестина“ и обединување на двете Кореи.
Имаше повеќе обиди да се поврзе пропалестинската кауза со „Блек лајв медр“. Деки Киони Садики, сопруга на поранешниот „црн пантер“, Секу Одинга, рече:
„Европските Евреи, кои окупираат, колат и продолжуваат да ги носат милиони Палестинци на нивните полиња на смртта, наречени бегалски и концентрациони логори, се роднини на Европејците што киднапираа, заклаа и принудија милиони Африканци и домородци на ропство“.
1/2 At Brooklyn “No to Annexation” Rally, Speakers Call to Abolish Police, Israel, and U.S. Government, Crowd Chants: “Death to America!”, “Millions of Martyrs Are Marching to Jerusalem!”; Activist: When a Precinct or a Cop Car Burns, It Feels Closer to Palestine pic.twitter.com/OQUnGtV5jS
— MEMRI (@MEMRIReports) July 2, 2020
Повиците за укинување на полицијата беа проследени со повици да се елиминира ционистичката држава Израел. Говорниците и организаторите јасно ставија до знаење дека не се заинтересирани Израел да постигне мировен договор со Палестинците. Наместо тоа, тие рекоа дека Палестинците ја заслужуваат целата земја.
2/2 At Brooklyn “No to Annexation” Rally, Speakers Call to Abolish Police, Israel, and U.S. Government, Crowd Chants: “Death to America!”, “Millions of Martyrs Are Marching to Jerusalem!”; Activist: When a Precinct or a Cop Car Burns, It Feels Closer to Palestine pic.twitter.com/WL4tU5Riu0
— MEMRI (@MEMRIReports) July 2, 2020
„Земјата на која постои Израел е сè уште украдена. Териториите од 1948 година се сè уште украдени – Јафа, Хаифа, Тел Авив беа украдени. Не сакаме само да се вратиме во нашите домови во Газа и на Западниот Брег. Го сакаме сето тоа. Не сакаме лажна палестинска држава што тие ни ја даваат додека Израел сè уште постои“, рече активистот Нердина Кисвани, еден од организаторите.
Еден говорник, познат како Роб, од Партијата за социјализам и ослободување, во говорот на арапски јазик извика: „Смрт за Америка!“, „Смрт за Израел!“ Во меѓувреме демонстрантите на посебен марш за „Денот на бес“ во Вашингтон извикуваа: „Израел, те познаваме, и ти убиваш деца“.
Palestine March in Brooklyn,, it’ll always be Free Palestine ??? pic.twitter.com/vdLcNtumcn
— BLM || ز (@okokalrightZain) July 2, 2020
Еден од организаторите на маршот и студент на „Харвард“, Кристијан Табаш, прочита песна за наводните злосторства на Израел врз палестинските муслимани, пренесе „Вашингтон егзаминер. Песната, наречена „Г. Војна“ – очигледна алузија за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху – го содржи стихот „Проколнете ги корумпираните во Сион!“ и го нарече Израел марионетски господар на континентите.
И Табаш неколкупати паузираше во текот на маршот за да ги потсети демонстрантите дека палестинското движење е суштински врзано за „Блек лајвс медр“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

